Достапни линкови

Факултетите да обрнат поголемо внимание на практичниот дел, бараат студентите и стопанствениците


Елена Димитриева која е студент во четврта година на Економскиот факултет при универзитетот Свети Кирил и Методиј во текот на студирањето оди на пракса во повеке институции, сепак таа вели за да бидам успешна на работа по завршување на факултетот и да ја применам теоријата потребно е факултетите да обрнат повеке внимание на практичниот дел. И кога одиме на пракса се соочуваме со како што вели, чудна ситуација

„Кога ќе отидеш таму сфаќаш дека има многу работи коишто си ги учел на факултет и коишто таму се применуваат, ама кога ќе отидеш таму можеби нема да знаеш како да ги примениш,“

вели Елена која укажува дека тоа може да се надмине со посебни часови што ке бидат наменети само за пракса. Тоа би значело да се прават на тие часови, симулации на берза, фирми кои работат со апстрактни сметки, а реални задачи, или пак за правниците со симулација на судења, и тоа да се прави постојано по што кога ке одат на пракса ке знаат да се снајдат со обврските, а по завршување на факултетот и целосно да бидат подготвени за работа. Дека често дипломираните студенти не знаат да ја применат теоријата во праксата укажуваат и стопанствениците.

„Во реалноста, секогаш треба време. Предноста е што има завршено високо образование,“

изјави стопанственикот Кирил Богоевски. И адвокатите со ист проблем

„Не знаат да ги направат ниту обвинението, без разлика какво е,“

изјави адвокатот Јован Јоанидис во чија канцеларија во моментов има двајца приправници.

Некои од студентите пак сметаат дека праксата е доволна и оти многу им помага:

„Бев испратен во Нов пензиски фонд на Тутунска Банка. Бевме една недела на пракса. Бевме запознаени со комплетната работа на фондот и како да се работи, значи како да се стапи во контакт со клиентот, што да се нуди и како да се потпише договор,“

изјави Славко гавриловски студент на Европскиот универзитет. Токму
на овој Универзитет постои и посебен Центар за кариера

„Идејата на Центарот за кариера е студентот да може да ги провери своите теоретски знаења. Од друга страна, бенефитот за компанијата е што на лице место може да го оцени квалитетот на секој од студентите и во иднина кога им требаат нови вработувања може да ги селектираат и регрутираат од студентите кои биле на пракси,“

изјави Зоран Ивановски професор на Европскиот универзитет.
XS
SM
MD
LG