Достапни линкови

Мировниот процес меѓу израелците и палестинците, Ирак и Иран се високо на агендата


Американскиот претседател Џорџ Буш денеска (8 јануари) ќе започне осумдневна турнеја низ Блискиот Исток. Тој треба да го посети Израел и Западниот Брег, како и Кувајт, Брахраин, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Египет. Израелско-палестинскиот мировен процес како и Ирак и Иран ќе бидат високо на агендата на Буш.

Блискоисточната турнеја на Буш доаѓа само шест недели по одржувањето самитот во Анаполи, на палестинското и израелското раководство под негово покровителство на кој беше договорено продолжување на мировните преговори. Аналитичарите посочуваат дека Буш приватно ќе ги охрабри арапските држави да продолжат со поддршката на мировниот процес. Сепак, првото патување во Израел и палестинските територии на Буш носи симболика. Професорот на Универзитетот за национална одбрана во Вашингтон Мурхаф Џоџати вели:


„Ова патување доаѓа предоцна, но сепак е добредојдено. Немешањето на Блискиот Исток не се исплатеше. По седум години на власт, Буш вложува напори. Има само неколку месеци што му преостануваат на власт и може малку да направи. Од друга страна, фактот дека прави нешто веројатно ќе придонесе да помогне за Блискиот Исток да не падне понатаму во амбисот.“

Ситуацијата во Ирак и прашањето за Иран исто така се високо на агендата во рамки на блиско-источната турнеја на Буш. Мајкл О` Ханлон, експерт за надворешна политика при Брукингс Институтот вели дека американскиот претседател мора да балансира меѓу држењето на силната позиција против иранската нуклеарна програма и да го осигура пријателството од Сунитските лидери кон Соединетите држави. О` Ханлон истакнува дека очекува Буш да одговори позитивно на намалувањето на иранското мешањето во верското насилство во Ирак:


„Господинот Буш веројатно сака да покаже мала воздржаност во замена за каква било воздржаност што Иран моментално ја покажува внатре во Ирак. Тоа е интересна игра, кога од една страна имате силно обвинување дека Иран е голем проблем, поради нивната нуклеарна програма, тероризмот и улогата во Ирак, но сепак од друга страна имате надеж дека тие самите решиле да го намалат влијанието во верското насилство во Ирак, тренд, којшто ако е вистински, сигурно не би сакале да го загрозиме.“

посочува аналитичарот О` Ханлон.
XS
SM
MD
LG