Достапни линкови

План за преговори за борбата против глобалното затоплување во 2009


2007 беше година во која беше невозможно да се игнорираат климатските промени на земјата. Во драматична завршница последната декемвриска конференција на Обединетите Нации заврши со план да се преговара за борбата против глобалното затоплување во 2009. Се постигна рамка наречена Роад Мап. Договорот за кратење на емисијата на зелените гасови треба да стапи во сила на крајот на 2012 година кога ќе истекне протоколот од Кјото.

„Разберете го моментот. Овој момент. За доброто на целото човештво.“

повика во Бали Индонезија Генералниот Секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун во моментите кога изгледаше дека Конференцијата ке заврши без договор за кратење на емисијата на зелените гасови како основна причина за глобалното затоплување. Со години поголемиот дел од научните и климатолозите предупредуваа дека земјината атмосфера се затоплува до опасни нивоа. 2007, велат ке остане запаметена по тоа што за прв пат има малку сомневање дека затоплувањето се случува, со оглед на многу бројните докази од зголемената топлина на воздухот и морињата па до топењето на мразот на поларните капи и глечерите што предивикува раст на нивото на океаните. Обединетите Нации одржаа панели на кои ги собраа светски познатите научници за да стават крај на дебатата дали јаглерод диоксидот кој се испушта од човековите активности во атмосферата е закана за самиот човек, животните и растенијата. Кога велиме , многу сме убедени тоа значи над 90 проценти, изјави Бренда Екварзел климатолог од Унијата на загрижени научници

„Тоа е многу силна изјава на светските научници, кои во основа велат дека човековите активности како возењето на вашиот автомобил, користењето на фосилните горива за енергија, за струја, ги намалуваат тропските шуми и од средината на 20 век се причина за глобалното затоплување.“

Предвидувањата на Панелот на Обединетиоте Нации се дека доколку не дојде до редукција на емисијата на зелените гасовиво следните годни просечнатавтемпература ќе се зголеми за 4 целзиусови степени, нивото на морињата ќе порасне за 43 сантиметри, артичкиот мраз ке го снема до 2050 тата година, а топлотните бранови и бури ке станаат уште почести. Сето тоа од друга страна ке влијае врз производството на храна и вода за пиење. Животните навики ќе се менуваат многу побрзо што ке има голенмо влијание врз развојот на болестите и здравјето.

„Ние сме многу загрижени за влијанието врз здравјето, бидејки ке има многу топлотни бранови, како што имаше во Европа во 2003, кога многу луѓе страдаа.“

вели Бренда Екварзел и предупредува дека на нашите деца веќе им оставаме поинаква планета од таа во која живеевме. Време е вели да се поправат штетите.

„Ние на идните генерации им оставаме сосем различен свет. Ние ова можеме се уште да го смениме и да се обидеме да го забавиме глобалното затоплување. Ако не го направиме тоа, ке имаме целосно различен свет до крајот на овој век.“
XS
SM
MD
LG