Достапни линкови

Пратениците ветуваат дека ќе ги завршат обврските во предвидениот рок


Усвојувањето на сите европски закони ќе заврши до крајот на месецов. Во првата половина, тоа ќе бидат законите за кои се договорија лидерите, а во втората и оние за кои треба да се постигне согласност меѓу политичките партии, тоа се прашањата за употребата на јазиците и правата на припадниците на поранешна ОНА, велат пратениците.

Тие се категорични дека ќе се завршат обврските во зададениот рок, февруари, кога треба да бидат готови сите закони од европската агенда:

„Јас сум убеден дека Собранието ќе ја заврши својата работа сега, затоа што ако добро се сеќаваме 31 јануари треба да е денот кога ќе треба да се затвори и репортот за самитот во Букурешт,“

изјави Иван Анастасовски од НСДП, која е дел од владеачката коалиција, кој пак додава дека тоа е единствена опција ако Македонија сака позитивни оценки и покана за членство во НАТО.

И од опозициската ДУИ велат дека ќе се направи се за да се заврши задачата неопхподна за евро атлантскиот интеграциски процес:

„Ние како парламентарна група на ДУИ ќе го дадеме својот придонес, така што се надеваме дека и другите парламентарни групи ќе дадат придонес во тој правец,“

рече Рафиз Алити од ДУИ.

Есад Рахиќ кој е независен пратеник на прашањето дали ќе се исполнат обврските во предвидениот рок вели:

„Бидејќи не е прашање дали, туку прашање е кога. Ова што се зборува последните денови, дека многу брзо, по состанокот во балкансаката крчма, така го нарекувам клубот на пратениците, на четирите лидери на големите партии дека ќе смогнат сили и ќе ги убедат своите партиски војници во парламентот да ги изгласаат оние закони коишто се во агендата.“
XS
SM
MD
LG