Достапни линкови

Убиена Беназир Буто, лидерот на главната опозициона партија во Пакистан


Беназир Буто лидерот на главната опозициона партија во Пакистан денеска им подлегна на раните здобиени во комбиниран напад со оружје и бомбаш самоубиец извршен по нејзиниот говор на предизборниот митинг во Равалпинди.

Иако сеуште не се знае точниот број на загинати, дел од агенциите јавуваат дека загинале околу 20 лица. Нејзините приврзаници пред болницата извикуваа пароли против претседателот Первез Мушараф. Данешниот напад во кој имаше најмногу жртви, е последен во низата е напади врз Беназир Буто. Во нападите само оваа година загинаа над 170 луѓе. Буто е бивша премиерка, која се врати на политичката сцена и на чело на модернистичката Народна Партија во рамките на предизборната кампања се залагаше за борба против милитантниот исламизам и за демократизација на земјата. За тоа добиваше многу закани, а беше во постојан политички конфикт и со Претседателот Первез Мушараф , кој неодамна по притисок на опозицијата, јавноста и Запад се откажа од генералската функција. Беназир Буто е ќерка на Зулфикар Али Буто кој беше Претседател и Премиер на Пакистан, кој беше исфрлен од власта и егзекутиран од воениот режимот на Зија ул.
XS
SM
MD
LG