Достапни линкови

Пренасочување на производството во гранки во кои Македонија е конкурентно способна


Градинарство, овоштарство, лозарство и производството на млеко и на месо се секторите кои во стратегијата на владата се посочуваат како конкурентно способни на кои држвата ќе им посвети внимани и за кои ќе се користат европските фондови во наредната година. Насочувањето кон ове сектори што се оценуваат како атратктивни во наредната година го оценуваат како потребно и земјоделците. Но, посочуваат дека државата треба да ги стимулира за полесно да може да се презентираат

„Во овој регион, јас верувам дека одреден број земјоделци ќе се преориентира од тутуно производство, која годинава за жал, цената останува иста како и претходната, тоа не е иста заработка. Оние кои сакаата да се определат за лозови насади, треба да се даде површини,“

изјави Перо Стојковски од Регионалното Здружение на зејоделците од Прилеп „Клас“.

Вељо Тантаров од Сојузот на земјодеците вели дека идната година покрај планирањето поголеми насади на културите кои се оценуваат какако вносни потребно е и сите житни култури да бидат ствени во листата за субвенции. Тој оценува дека тоа се рентабилни култури што се потврди со недостигот од добиточна хрна и порстот на цената на увозната пченица

„Се надеваме дека во текот на идната година ќе имаме поголеми површини со пченка. Идната година сите житни култури ќе бидат ставени во листата на култури за коишто ќе има и соодветна субвенција.“

Инаку во оценките за последната година Тантаров вели дека сушата предизвика штети во земјоделството, но дека имало пораст на цените на земјоделските производи, дека имало исплалата на пченица грозје тутун и заштита на производството на домашанта храна.

„Површините под градинарски култури за кои имаше пласман, трендот ќе се зголеми.“

Борис Јанакиев од Агро бизнис се согласува дека годинава беше добра за градинатските култури, но посочува:

„Почнаа земјоделците да се здружуваат, да употребуваат калибратори, да пакуваат подобро и се зголеми извозот. Но, знаете што е наш проблем? Ние од извоз на производи во Европа не може да видиме ќар, ни треба да извезуваме сок од домати, доматно пире.“
XS
SM
MD
LG