Достапни линкови

Белград и Приштина остануваат поделени во врска со идниот косовски статус


Последната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за годинава посветена на Косово заврши без согласност и, според коментарите на српскиот премиер Воислав Коштуница и на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, Белград и Приштина остануваат и натаму поделени во врска со идниот косовски статус.

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу вели дека независноста е едниствен опција за неговиот народ и оти позициите на Србија и на Косово остануваат неусогласени. Од друга страна, српскиот премиер Воислав Коштуница изјави дека Србија ќе ги искористи сите средства, освен воени, за да го спречи Косово еднострано да прогласи независност.

„Нема разлика кога нешто незаконско е направено од една земја или на координиран начин. Тоа и натаму е незаконско. Значи ема разлика меѓу еднострано прогласување на независност од координарно прогласување.“

Изјави премиерот Коштуница, додавајќи дека само Советот за безбедност може да го реши косовското прашање и оти сите обиди да се избегне тоа претставуваат кршење на меѓународното право. Но, за британскиот амбасадор во Њујорк Џон Соерс очигледно е дека решението не може да биде донесено во Советот:

„Време е, според мислењето на Обединетото Кралство, да преземеме неопходна акција за решавање на статусот на Косово. Резолуцијата дванаесет четириесет и четири нуди добра законска основа за да одиме напред во финалното решевање.“

Соерс додава дека најдобра начин за тоа е планот на Марти Ахтисари со кој се предвидува надгледувана независност на Косово. На иста оценка и е косовскиот претседател Сејдиу, додавајќи дека Косово ќе соработува со НАТО и со Обединетите нации и оти ќе продолжи да и нуди рака на пријателство на Србија.

„За нас од посебна важност е формирањето нова демократска влада и заштитата на правата на сите заедници.“

Изјави Сејдиу. Говорејќи од името на европските членки во Советот за безбедност, белгискиот амбасадор Јохан Вербеке оцени дека Приштина и Белград не можат да се постигнат согласност:

„Јасно ни е дека натамошни преговори во овој или друг формат нема да донесат ништо ново. Но, статус квото е неодржливо.“

Вели Вербеке, додавајќи дека за гарантирање на стабилноста во регионот е потребно меѓународно приуство и оти Европската унија е подготвена да ја преземе водечката улога во тој процес. Според него, Косово нема да преставува преседан. Со тоа пак не се согласува рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин.

„Посебно за оние што работат во оваа зграда, сигурен сум дека ќе можете да ја почувствувате нивната загриженост за можноста оти косовскиот преседан би се раширил низ членките на Обединетите нации.“

Изјави Чуркин кој по вчерашната дебата изрази оптимизам дека ќе биде најдено решение што ќе биде прифатливо за двете страни. Американскиот амбасадор Зелмај Кализад е на сосема поинаков став.

„Го повикав нашиот руски колега амбасадорот Чуркин да го прифати планот на Ахтисари. Доколку не ја смени позицијата Соединетите држави, европејците и другите се решени да го спроведат тој план.“

На едностраната независност на Косово се противат Русија и Кина, како и некои сегашни непостојани членки на Советот за безбедност, меѓу нив Конго и Гана.
XS
SM
MD
LG