Достапни линкови

Зошто официјален Белград инсистира на продолжување на преговорите?


По најавата на официјален Белград дека на денешната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе бара продолжување на преговорите за косовскиот статус се поставува прашањето: Зошто Србија упорно инсистира на нивно продолжување со оглед на тоа што Соединетите Држави и повеќето членки на Европската Унија сметаат дека натамошниот дијaлог меѓу двете страни е беспредметен. На таков став е и официјална Приштина.

На денешната затворена седница на Советот за безбедност посветена на Косово, по се изгледа, уште еднаш ќе бидат потенцирани спротивставените страни на Белград и Приштина во врска со евентуаланите натамошни преговорите.

„Не мислам дека оваа седница на Советот за безбедност ќе донесе некоја драматична или конечна одлука. Очекувам во јануари уште една седница на Советот на која ќе учествувам и јас, а потоа уште неколку други седници.“

Вели претседателот на Србија Борис Тадиќ. Очигледно е дека Белград во наредните месеци очекува продолжување на дебатата која можеби официјално не би се нарекувала преговори со Приштина, но која ја исклучува можноста за брзо решавање на косовскиот статус.

„Мислам дека тоа е единствен начин да се дојде до компромис без оглед што сега имаме дијаметрално спротивни ставови. Не гледам што дуго би можело да се случи. Едностраната независност може да доведе само до конфликт.“

Вели Горан Боградновиќ членот на српскиот преговарачки тим. Јелена Милиќ од Форумот за меѓуинародни односи пак, смета дека инистирањето на Белград за продолжување на преговорите има сосема поинаква цел:

„Мислам дека поенатата е веќе воопшто да не се инсистира на преговори меѓу српската и албанската страна. Тоа е само една маска со која Србија всушност се обидува да продолжи да преговора со Европската унија за начинот на влегување на евромисијата на Косово, односно дека тоа треба да биде резолуцијата дванаесет четириесет и четири.“

Вели Милиќ. Во Приштина пак, нестрпливо се очекува од Обединетите нации да го заклучат преговорачкиот процес:

„Страните уште еднаш ќе ги потврдат своите ставови пред Советот за безбедност. Но, не очекувам да дојде до некаков позначаен развој кон некоја одлука или резолуција.“

Смета Бардиљ Хасанпапај, професор на Приштинскиот универзитет, потенцирајќи дека статусот на Косово не може да се реши во Советот за безбедност поради противењето на Русија. На исто мислење е и потпретседателот на Алијансата за иднина на Косово и поранешен премиер Бајрам Косуми

„Очекуваме Советот за безбедност да стави печат на преговорите за статусот на Косово и со тоа да ја отвори можноста за нови чекори.“

Изјави Косуми, прецизирајќи дека собранието на Косово треба да прогласи независност, а потоа и да побара меѓународно признавање.
XS
SM
MD
LG