Достапни линкови

За законот за јазици и статусот на борците на ОНА оставена можност да се продолжат разговорите


Лидерите излегоа задоволни од исходот на последната лидерска средба. Судскиот совет има големи изгледи да се докомплетира, откако премиерот направил отстапка и прифатил да застане зад кандидатот кој го предложи претседателот, Насер Хаџиахметагиќ. На средбата биле усогласени и 14 закони од европската агенда кои по предлог на опозицијата ќе се стават на посебна собраниска седница која се очекува да се одржи во првата недела на јануари:

„Денеска имавме сериозен прогрес. Има една добра клима во однос на овие прашања, добро е што е така бидејќи ја имаме шансата за добивање покана за НАТО и во тој правец правиме дополнителни чекори од минатата средба. Оваа средба веќе имаме нови успешни чекори во правец на усогласување на закони, на судскиот совет.“

„Сметам дека беше добар процесот на усогласување, еден дел од овие закони ќе бидат и подобрени и со право ќе бидат поддржани од собранието. И на денешната средба се покажа дека не била точна информацијата дека огромен број на закони од европската и НАТО агенда чекаат во Собранието. Се испостави дека бројката на тие закони е 18 и од нив за најголемиот дел, 14 е дадено зелено светло.“


изјавија премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ Радмила Шеќеринска.
Џевад Адеми од ДУИ рече дека прашањата за јазикот и статусот на борците на ОНА кои што на денешната средба ги отворила оваа партија, се оставени за средбата закажана за наредниот петок:

„Да се надеваме дека до тогаш работните групи ќе излезат со конкретни предлози и решенија.“

На ова потпретседателот на ДПА Имер Селмани реплицираше:

„Денеска на виделина излезе и еден нов момент кој што се однесува до т.н. рекламирање на ДУИ во последните месеци дека постигнале договор за жртвите или за законот. Се виде дека нема таков договор и дека ништо нема на маса. Односно барањето на ДУИ за нас е неприфатливо да биде решено нешто како социјален пакет за жрвите, притоа да не се води сметка дека таквото решение треба да се реши исклучиво со закон.“

Премиерот Груевски повтори дека нема согласност од власта за донесување на закон за ветераните од ОНА и ја остави можноста за ова, како и за прашањата за јазиците да се продолжат разговорите. Лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска потсети на ставот на оваа партија дека околу т.н. Мајски договор да разговараат меѓу себе ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.
XS
SM
MD
LG