Достапни линкови

Реформи на европските институции


Лидерите на Европската Унија денеска во Лисабон свечено ќе го потпишат новиот договор за реформи на европските институции со кои Унијата ќе може подобро да се прилагоди на досегашното, но и овозможува и натамошно проширување со нови членки. Европската Унија пред две години се најде во длабока политичка криза откако претходниот многу поамбициозен нацрт Устав беше отфрлен на референдумите во Франција и Холандија. Но, евролидерите веќе се соочуваат со нови предизвици. Имено, по денешната средба во Лисабон следува утрешниот самит во Брисел кој, по се изгледа, ќе ја постави сцената за долгорочни битки меѓу членките околу идното проширување на Унијата.

Последовалните средби во Лисабон и во Брисел само сведочат за тежината на сложеноста на донесувањето одлуки во Европската Унија. Церемонијата на потпишување на новиот таканаречен Реформски договор е во Лисабон поради притисокот од актуелниот претседавач на Унијата Португалија. Обезбедувајќи безбедно пристаниште за тешките преговори за договорот, Португалија сака тој да биде запамтен како Лисабонски договор. Но лидерите утре ќе мора да се вратат во Брисел кој е главното место на сите европски самити од две илјади и четврта година за да го одржат и последниот нивен состанок за годинава. Реформскиот договор со кој се предвидува функцијата претседател на Европскта унија, како и пошироки овластувања на шефот за надворешна политика, мора да биде парафиран во парламентите на дваесет и седумте членки, по што ќе биде затворено болното поглавие во поновата историја на Унијата.

„Ова е победа за Европа, дами и господа. Со овој нов договор, со оваа спогодба ние излеговме од слепата улица каде што бевме извесно време. Веќе немаме институционална криза и ќе бидеме подготвени да се спарвиме со идните предизвици.“

Оцени португалскиот премиер Жозе Сократес откако во октомви годинава беше постигнат финалниот договор за прашањето со евроуставот чие пропаѓање се закануваше да ја измести Унијата од глобалната сцена. Денешната церемонија во Лисабон без присуството на британскиот премиер Гордон Браун пак, според некои аналитичари, покажува всушност каде се уште се наоѓа Унијата. Премиерот Браун, стархувајќи од реакцијата на доминантните евро скпетици дома, денеска само накусо ќе престојувал во Лисабон и посебно ќе го потпишел договорот. Парадоксално. Сега кога прашината слегна, проширувањето уште еднаш го презема централното место во дебатите во Унијата. Попрецизно, станува збор за судбината Турција која стана најтешкото прашање на европската агенда. Турција која лани ги почна преговорите за членство по се изгледа дека нема да го оствари тоа за десет или петнаесет години иако францускиот претседател Николас Саркози кој досега се противаше на тоа сега најавува приближување на ставовите со другите членки во Унијата. На француско инсистирање на самитот во Брисел ќе се разговара за формирање таканаречена Рефлексна група составена од искусни европски политичари кои би требало да расоправаат за иднината на Унијата до две илјади и триесетата година. Британија и другите поддржувачи на турското членство и на натомошното проширување на Унијата кои се на став дека не би требало да се зборува за идните граници на Европската унија сепак би можело да ја смират Франција со тоа што во декларацијата од овој самит не би имало ништо околу проширувањето на Унијата. Тоа би било за прв пат по деведесет и првата година Унијата да не каже ни збор за нејзиното ширење. За возврат Британија очекува да добие европска декларација против протекционистичките економски мерки на некои членки. А тука шампион традиоционално е Франција.
XS
SM
MD
LG