Достапни линкови

Специфичен балкански тип политика, оценка на експертите


Повеќе кадровска политика отколку содржина или идеологија е одлика на повеке општества, не само на македонското, велат аналитичарите коментирајќи ги континуираните расправи за тоа кое лице на која функција да биде именувано или избрано. Тие кои додаваат дека кај нас тоа е специфично

„Мислам дека не е грешно и неосновано да се говори за некој балкански тип на политика. Македонската специфика е од историската судбина на населението на оваа територија, од тоа што државното обликување и моделирање на ставовите на овој простор било прилично флуидно. Имате едни ставови сега, други ставови друг пат итн. Така што тоа е во свеста на граѓаните,“

изјави професор Ило Трајковски од Филозивскиот факултет во Скопје Некои експерти укажуваат дека во Македонија се оди дотаму што се измислуваат функции само за да назначат партиите свои луѓе

„Заменик министер воопшто не треба да има. Тоа е измислена функција само кај нас, никаде во светот ја нема, која служи само за политички пазарења меѓу коалиционите партнери во една влада,“

изјави професор Ана Павловска Данева од Правниот факултет во Скопје.

Професор Трајковски укажува дека оваа ситуација е континуирана и објаснува на што се должи:

„Отсуството на помалата количина на волја и знаење за колективна акција кај македонските граѓани во споредба со другите, да кажам, граѓанства во соседните земји.“

Претставниците од политичките партии пак потврдуваат дека најголем дел од енергеијата се троши на разговори за кадровската политика, за тоа кој партиски член каде да биде поставен.

Ефтим Манев од ВМРО-ДПМНЕ вели:

„Исклучиво се гледа кадрова политика, задоволување на сопствените кадровски интереси за добивање на избори во наредниот изборен период, а не за да се подобри животниот стандард во Република Македонија.“

За да се надмине оваа состојба партиите треба да ги дефинираат прецизно целите и да делуваат според идеологијата и нејзината содржина

„Предоминантна е популистичката понуда за гласачите и дефинитивно идеолошката трансформација на социјал демократијата, е еден од предизвиците и за модерните социјал демократски партии. СДСМ има добра шанса да се трансформира и идеолошки, но моја проценка е дека за тоа ќе треба посоодветна подготовка и повеќе ангажман,“

изјави Владо Бучковски пратеник од СДСМ и поранешен премиер.
XS
SM
MD
LG