Достапни линкови

Не станува збор за дополнителен критериум за членство во ЕУ, оценуваат експертите


По вклучувањето на спорот за името со Грција во заклучоците од министерскиот состанок на Европската унија кои најверојатно според досегашната пракса стануваат официјален документ на самитот на лидерите што ке се одржи во петок, македонската јавност смета дека тоа не може да се сфати како дополнителен критериум и директно да влијае на евроинтеграцискиот процес. Од владата сепак велат дека за прецизен коментар ке го почекаат документот од еврпскиот самит. Владиниот портпарол Ивица Боцевски додава

„Во секој случај името не е дел од копенхагеншките критериуми и тоа не треба да биде пречка во македонскиот пат кон ЕУ.“

Претседателот Бранко Црвенковски во своето последно појавување во јавност по ова прашање истакна дека доколку Грција го искористи спорот со името за блокирање на интеграцијата во НАТО или Европската унија ке се смета за кршење на Времената спогодба, бидејќи согласно со неа нашиот јужен сосед не смее да го попречи овој процес. И стручната јавност го дели ова мислење

„Според привремената спогодба, Грција го нема тоа право да го попречува не само во рамки на ЕУ, туку и воопштена клаузула има, за сите меѓународни организации,“

вели Мерсел Биљали од Факултетот за општествени науки во Скопје.
кој коментира дека вклучувањето на спорот за името е резултат на влијанието на Грција:

„Тоа е повеќе политичка отколку правна работа. Реално од правен аспект има дефинирани критериуми и тоа е политичко прашање кое е билатерално, меѓутоа сепак Грција е членка на ЕУ и може да си дозволи да врши влијание кај другите членки на ЕУ, страните си водат тивка војна за позиции“

изјави Биљали.

Во документот усвоен вчера се констатира, се уште нема решение за спорот околу името, па Советот на Европската унија ја повикува владата да вложи обновени напори, со конструктивен пристап, за да се најде заемно прифатливо решение за спорот околу имеро со Грција под покровителство на Обединетите нации со кое ке се придонесе за регионална стабилност и добрососедски односи.
XS
SM
MD
LG