Достапни линкови

Договор за статусот нема поради непопустливоста на двете страни


Синоќа на генералниот секретар на Обединетите Нации Бан ки Мун по електронски пат му е предаден извештајот на посредничката тројка во кој се наведува дека нема договор за статусот на Косово поради непопустливост на двете страни. Агенциите наведуваат дека тројката не дала препораки за натаму, а Советот за безбедност извештајот ќе го разгледува на 19 декември. Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин пак побара продолжување на преговорите.

„Секако никој не може да рече дека напорите вродија со успех, дека доведоа до целосен успех, но ние веруваме дека беа вредни и донесоа сериозни резулати.“

Од друга страна американскио државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека времето за преговори мина и дека неуспехот е игноритрање на реалноста за желбата на мнозинството албанци на Косово да добијат независност со или без меѓународен договор.
XS
SM
MD
LG