Достапни линкови

Ефектот на врзани садови ќе им донесе загуба на сите во регионот, оценуваат експертите


Доколку Србија го спроведе најавеното економско ембарго кон Косово во случај на прогласување независност, ефектот на врзани садови ќе им донесе загуба на сите во регионот, анализираат економситите и бизнисмените во македонија. Овој ефект се разбира нема да ја одмине ниту Македонија. Иако на краток рок тие сметаат дека евентуалното ембарго нема да има никакви значајни негативни ефекти врз македонската економија, на подолг рок сметаат дека е тешко да се предвиди во која насока тие би се развивале. Сепак според аналитичарот Маријан Николов од центарот за економски анализи извесно е дека Македонија на другата страна односно во размената со Србија би добила партнер со намалена економска моќ.

„Намалување на економската ефикасност поради регионалните негативности, од намалена трговска активност помеѓу Србија и Косово. Сите позитивни ефекти на тргување на Србија и Косово значи и зголемување на економската активност на Србија. Ако таа е во подобра економска положба ќе има и поголем потенцијал и капацитет да пренесе дел од нивните активности во Република Македонија.“

„Секое блокирање на движењето на стоки, патници и флуиди може да има директни и индиректни последици. Може да има компликации, да кочи, да администрира, во секој случај ситуацијата не е пријатна,“

додава бизнисменот Митко Кочовски.

Портпаролот на македонската влада Ивица Боцевски од својат страна на ова прашање сеуште гледа само како на хипотетичко и со уверување дека ситуацијата е под контрола.

„Можам да ве уверам дека надлежните ги преземаат сите мерки од нивна надлежност.“

Иако назначуваат дека во таквата состојба тешко може да се направи дистинкција помеѓу економските и политичките мотиви кои би ја создале, економистот Николов се обидува да ги анализира евентуалните економски ефекти врз македонија во смисла на снабдувањето на косовскиот пазар допколку тој изгуби еден значаен парнер како што е Србија.

„На долг рок доколку опстои таква блокада, можно е Македонија да се јави како земја супститут, за добра и услуги кон Косово. Но дали сето тоа и какви политички економски консеквенци би имало и на што би ја навлекло Република Србија, кон Република Македонија и тоа останува за шпекулација како принцип на врзани ставови,“

објаснува Николов.

Косовските аналитичари и стопанственици реагираа на српските најави за ембарго настапија со реакција според која ваквиот чекор сепак најтешко би ја погодил Србија која обезбедува производи за 20% од косовскиот пазар.
XS
SM
MD
LG