Достапни линкови

Има голем интерес да се движиме напред и верувам дека може да ги интензивираме дискусиите


На денешната средба со медијаторот Метју Нимиц македонскиот државен врв ги презентираше видувањата на последниот предлог на посредникот. Нимиц по средбата без прецизни кажувања дали има некаков прогрес во разговорите. Тој информираше дека ги истакнал неговите идеи презентирани во ноември на средбата со двајцата посредници грчкиот и македонскиот со кои верува дека е можно да помогнат и додаде

„Верувам дека има голем интерес да се движиме напред по ова прашање и се надевам дека може да ги интензивираме дискусиите, а за тоа ке разговарам и во среда во Атина“

рече Нимиц и додаде

„Па прогресот е во тоа што има фокус на прашањето и слушнав идеи од лидерството во земјата за моите сугестии, затоа состанокот беше многу важен за мене, има волја да се слушнат идеи и да се разговара како да се остави ова прашање зад нас“

Во контекст на информациите дека станува збор за последна рунда разговори Нимиц вели:

„Нема финална рунда додека не се дојде до крајот, не знаеме кога ке биде финалната рунда ова не беше , ова е тешко прашање, позицијата на вашата земја е многу добро позната, позната е и позицијата на Грција, ова не е лесо прашање, верувам, има желба да се реши“

Од македонска страна пак после средбата без коментар. не е познато дали било понудено нешто со што македонската позиција би била оквалификуна како конструктивна.
XS
SM
MD
LG