Достапни линкови

Причините се немањето капитал и нереформираното судство, велат познавачите


Покрај даночните олеснувања, скратувањето на процедурата за регистрирaње на компанија и намлувањето на трошоците луѓето сеуште потешко се решаваат за сопствен бизнис. Малите и средните препријатија кои во наши улови може да претствуваат извор на егзистенција, но не добиваат подршка поради лошите економси прилики велат дел од соговорниците додека други наоѓаат дека проблемот кај луѓето е психолошки и дека многумина сакаат да се чувствуваат сигурни врзани за некоја државна работа

„Имам нешто искуство, но еве сега сум во државна администрација, сега за сега не размислувам.“
„Луѓето немаат пари, а кога нема пари нема и бизнис“


Никола Ефтимовски од Сојузот ан стопански комори вели дека психолошите бариери кај луѓето постојат и поради објективни пречки но само во еден дел се од финансиски аспект:

„Страв постои, нормално од опкружувањето, но и реформите во судството кои не се спроведени до крај се голема пречка за старт на бизнис. Во услови кога некој би земал и кредит за отпочнување бизнис, а судот нема да го поддржи во спорови, тогаш се разбира дека и тоа е пречка.“

Дарко Велков од „Вработување“ вели дека малите и средни претпријатија во наши услови може да претставуваа извор на егзистенција:

„Бариери постојат, затоа што ги плаши колав капитал имаат за отворање на бизнис. Треба да се надмине таа фаза и да се дојде до фаза дајде да направам нова идеја.“

Недостасува и поголема промоција на претпимништвото, но и подобри услови кои би ги нуделе банките што би овозможило подобар старт на приватниот бизнис вели Ефтимов.

Габриела Стоајновска директот на секторот за работа со население во „Комерцијална Банка“ вели дека порлаксираните услови за кредитиарње и забрзуавњето ан процедурата з аодобруавње кредит влијае врз зголемувањето на побраучкта за кредити во 2007 та година:

„Ако зборуваме за каматните стапки за правни лица, нивото е слично како и во регионот, каматните стапки за правните лица се движат од седум до десет насто. Максималниот рок на враќање е до десет години.“

Во Сојузот на стопанските комори велат дека и во последните три до четири години се бележи раст и на вработувањата и на развојот на одредени компании, но дека сеуште не може да се каже дека станува збор за изразен процес. Најголем раст е забележан во ИТ секторот.
XS
SM
MD
LG