Достапни линкови

Лидерите имаат свои приоритети и се скептични за исходот, велат аналитичарите


Лидерите на политичките партии одат на заедничките сердби без воопшто оптимизам дека другата страна ќе прифати остапки по одредени прашања - вели професорот по политички ситем од штуловиот Универзитет Јетон Шасивари. Со таков пристап на политичките лидери и партии вели тој од средбите нема да проилезат резултати

„Бидејќи, едни зборуваат за едни, други за други приоритети, а трети за трети. Така што, немаат заеднички јазик и без заеднички јазик не може да се комуницира во политиката.“

Според Шасивари пристпот кон договарањето за приорите на земјава на лидерите на четирите најголеми партии е погрешен

„Тие треба да изготват свои заеднички ставови и врз основа на тие ставови треба да се состави агенда, врз основа на која треба да се води политичкиот дијалог. Се друго води кон одложување на овој процес и сите преземени задачи.“

И додека тој смета дека годинава се изгуби време на мегупарстки средби кои што не дадоа конкретни резултати Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ на прашањето која е целта на средбите кога партиите тргнуваат со скептицизам за подготвеноста на другата страна за компромис одговара

„Затоа што треба да има дијалог и постојана комуникација, сепак добро е што се одржуваат тие средби, макар што некогаш се неефикасни и јалови, но тоа е добар начин за премостување на проблемите.“

Во врска пак со разлиините приорите односно инсирањето на владеачката партија на еконосмки реформи за разлика од опозицинероте Ѓорчев вели дека се подготвени за разговор и на дриги прашања:

„Нашите приоритети се оние главни приоритети и проблеми коишто ги тиштат македонските граѓани, а кои се поврзани со економските проблеми.“

Јасен е ставот на мегународната зедница дека за интегрирањето во Европската Унија и НАТО се најважни политички критериуми вели Азис Положани од ДУИ партија која инстира на спорведување на мајскиот договор

„Не доаѓа предвид и би било сигурно во функција на поместување на работите, ако некој уште мисли дека со економски големи реформи и големи работи кои никако граѓаните да ги почувствуваат да опстојуваат и во овој момент, кога секој ни укажува дека тоа што недостасува и треба да се реши е исполнување на политичките критериуми.“
XS
SM
MD
LG