Достапни линкови

Владата треба да избегнува провокации, препорачуваат експертите


Пред посетата на посредникот Метју Нимиц, од владата велат дека македонскиот став за прашањето за името е јасен, а тоа е двојната формула, но земјава останува активен чинител во преговорите во рамки на Обединетите нации. Претставниците на државниот врв укажуваат дека понудената рамка на последната средба со македонскиот и грчкиот претставник во преговорите е неприфатлива бидејки сугерира име различно од уставното. Сепак некои од нив додаваат дека мора да се покаже активност во некој дел при што не прецизираат што тоа би значело, дали како што укажуваат познавачите на приликите актуелизирање на предлогот на Нимиц кој беше прифатлив за нас, но не и за грците-Република Македонија со кирилично писмо, па по одреден период со латиница, или повлекување на некои одлуки кои беа оценти како провокација, како на пример името на аеродромот.
И експертите со различни видувања, некои сметаат дека мора да се покаже активност, за македонската позиција да биде оценета како конструктивна и покрај како што велат неподготвеноста на политичарите за градење на став поинаков од двојата формула

„Многу е важно да не оставиме впечаток кај нашите пријатели, па толку да ја влошиме позицијата, никаков страв на политичарите да не може да ни помогне после тоа. Така што, суштината на предлогот е да се одржи позицијата со разно маневрирање, а во јавноста, мислам дека таа ќе ја следи конструктивноста и одговорноста на политичарите бидејќи кај нас јавноста не е хистерична, како што не означија,“

изјави Љубомир Фрчкоски професор на Правниот факултет во скопје
За разлика од него поранешниот преговорач на Македонија, Иван Тошевски смета дека времето работи за нас

„Се разбира ќе треба повеќе време, бидејќи сега само околу 120 членки на ОН го признаа Уставното име. И ќе треба уште некоја година да тоа бидат сите членки на ОН. Не треба да се преземаат никакви мерки од наша страна, како и до сега.“

Познавачите на приликите апелираат дека она што е неопходно во иднина е да не се преземаат мерки кои би биле оценети како провокација, како името на аеродромот, но сепак тие толкуваат дека надлежните треба да се воздржат од некои чекори како последните на царинската управа со задржување на стоката на граница поради референцата БЈРМ и воведувањето на нови регистерски таблчки за автомобилите на кои стои уставното име.
XS
SM
MD
LG