Достапни линкови

НАТО го поддржува процесот на проширување, изјави Лело


НАТО го поддржува процесот на проширување, изјави денеска во Скопје, Жозе Лело претседател на парламентарното собрание на Алијансата:

„Ние во НАТО парламентарното собрание отсекогаш сме ја поддржувале политиката на проширување на Алијансата и политиката на отворени врати, ние отсекогаш го поддржувавме и проширувањето со трите земји од Јадранската група, но треба да се знае дека проширувањето треба да го поддржат сите земји членки.“

вели Лело.
Тој додаде дека за спорот со Грција треба да се изнајде решение, за да не постои како отворено прашање:

„Прашањето за името не е проблем на НАТО, тоа е билатерален проблем помегу вашата земја и Грција, јас се надевам дека во рамки на преговорите под покровителство на Обединетите Нации ќе се постигне компромис, затоа што не треба да има пречки.“

Лело ќе се обрати и пред пратениците, а во собранието денеска тема и извештајот на Европската комисија во кој се укажува на стандрадите што треба да се постигнат, како реформите пред се во правосудната област, мегуетничките односи, подобрување на ефикасност на парламентот, политичкиот дијалог. Пратениците од власта велат дека мора во предвидениот период да се работи на постигнуивање на обврските::

„Со оглед на фактот дека политички интерес и темелна политика определба на сите политички партии во Македонија е членството на земјата во НАТО местото на политички калкулации е сосема намалено, да неречам воопшто не треба да постои.“

Изјави Алексндар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Оние од опозицијата пак велат дека е потребно власта да покаже сериозност:

„Власта треба да рефлектира позитивна енергија што се однесува до исполнување на домашните задачи за добивање покана за НАТО.“

Изјави Рафиз Алити од ДУИ.
Андреј Жерновски од опозициската ЛПД апелира парламентарното мнозинство да не бара алиби за евентуално недобивање покана за НАТО:

„Владата упорно сака да прикаже прво дека ако невлеземе во НАТО, тоа е затоа што опозицијата го блокира тој процес во Парламентот, а сега слушаме и една втора теорија, а тоа е дека Грција ќе биде виновна, а не самите ние ако невлеземе во НАТО.“
XS
SM
MD
LG