Достапни линкови

Убиени две лица, осомничениот сторител во бегство


Новица Благојевиќ и Андреј Филип, од Скопје денеска се убиени во вооружениот инцидент што се случи на булеварот Илинден во близина на зоолошката градина околу 14 часот. Лицето за кое постои сомневање дека е сторител е во бегтство.
Од Министерството за внатрешни работи информираат за причините поради кои се случил инцидентот

„Веројатно станува збор за пресметка која била мотивирана од нерасчистени должничко доверителски односи. Така што, најпрвин дошло до вербална расправија, помеѓу двајцата убиени и осомничениот во цвеќара на улица Илинденска, веднаш по вербалната расправија уследила и физичка пресметка, а по завршувањето на физичката пресметка, осомничениот излегол од цвеќарата, се упатил кон својот автомобил, зел пиштол, со којшто пукал кон двајцата убиени,“

изјави Иво Котевски од МВР. Од министеството велат дека се првземаат сите мерки за пронаогање на осомничениот, како и на собирање на докази што би се користеле во понатамошната постапка.
XS
SM
MD
LG