Достапни линкови

Експертите поделени дали Комитетот е гарант на правата на заедниците или е формално тело


По долгите средби и разговори меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ за Комитетот за односи мегу заедниците кој стана дел и од т.н. мајски договор денеска предлогот за донесување на закон пред пратенците. Проблемот со функцинирањето на Комитетот се појави откако опозицијата се посомнева дека еден од членовите од ВМРО ДПМНЕ го лажирал своето влашко потекло. Груевски и Ахмети постигнаа договор членот од владечакото мнозинство да излезе од комитетот, а на негово место да влезе пратеник од опозицијата. Целата прашина околу Комитетот, вели аналитичарот Алберт Муслиу се крена затоа што тој преставува гарaнт за остварување на правата на немнозинските заедници:

„Toj се занимава со прашања кои се поврзани со интересите на немнозинските заедници и тука немнозинските заедници гледаат гарант за заштита на своите интереси. Тој произлезе од Рамковниот договор, повеќето од членовите се албанци, македонци, а има и од другите заедници.“

Докторот на правни науки Мирајана Најчевска не се согласува дека Комитетот е гарант за почитување на правата на немнозинските заедници. Според неа тој има само советодавна улога:

„Гарант за почитување на правата на било кој човек и на било која група во една држава може да претставува само доследната употреба на демократијата.“

Тензиите кои се појавија мегу власта и опозицијата околу Комитетот според Најчевска биле исфорсирани:

„На некаков начин се најде точка околу која можат да се изнесат вакви или онакви ставови.“

Муслиу и Најчевска со различни очекувања и за неговото функцинирање во иднина:

„Согласно и мајскиот договор ќе бидат дефинирани и законите кои што ќе се донесуваат со бадентерово мнозинство. Комитетот ќе се занимава со прашања да се дефинира дали некои прашања се од интерес на немнозинските заедници или не се.“

„Едно е да се донесе закон, едно е нормативно да се регулира одредена материја, друго е навистина да почнеме да ја употребуваме таа инситуција во намената за која е формирана. Се додека не излеземе од стапицата во која сега сме влезени, а тоа е една политичко-партиска ограниченост на видувањето и на делувањето, ниту една од демократските инсистуции нема да ни проработи.“

велат Муслиу и Најчевска.
Инаку законот за Комитетот за односи меѓу заедниците е една од точките од договорот меѓу Груевски и Ахмети од 29 Мај на чие спроведување инсиситра меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG