Достапни линкови

На разговорите одржани вчера и двете страни останаа на истите позиции


Српските и лидерите на косовските албанци се договорија да одржат три дневни интензивни разговори од 26 до 28 Ноември во Баден – Австрија пред крајниот рок на 10 декември кога преговарачката тројка на Контакт групата ќе поднесе извештај до Обединетите Нации за преговорите за статусот за Косово. Ова е резулатот од последната рунда преговори која заврши синоќа во Брисел, а на која и двете страни останаа на истите позиции.

Преговарачката тројка на Контакт групата соопшти дека на последната рунда преговори во Брисел делегацијата на Приштина го опишала своето гледање на набљудуваната независност на Косово согласно препораките на пратеникот на Обединетите Нации Мартија Ахтисари, додека делегацијата на Белград го образложила своето видување на таканјаречената широка автономија за Косово во рамките на Србија спомнувајки го примерот со Оландските острови во Финска. Српкиот премиер Воислав Коштуница во врска со предлогот на европскиот медијатор Волфганг Ишингер за неутрален статус на Косово изјави дека станува збор за трик со кој Косово би станало независно, а Србија би се преправала дека не е така.

„Јас никогаш немам слушнато за фразата или за конструкцијата како неутрален статус. Што е тоа неутрален статус? Постојат и познати се сите дефиниции за држава, за инситуционални договори. Но Неутрален статус – што е тоа? Јас ке ви кажам дека Неутрален статус е збор со кој се покрива фактот дека Косово и Србија треба да бидат независни држави. Тоа за Србија е целосно неприфатливо.“

Портпаролот на косовската делегација Скендер Хисени од своја страна вака ги опиша намерите на Србија.

„Јасна е намерата на Србија да го одолговлекува целиот процес до негово замрзнување. Косово не е подготвено да чека толку долго. Што се однесува до Косово – 10 декмври е крајот на преговорите. А после тоа, Косово заедно со клучните партнери од Меѓународната заедница ќе реши за наредниот чекор кој ќе следи по 10 декември.“

Како што се наведува во соопштението на преговарачката тројка на Контакт групата двете страни повторно ја нагласиле решеноста да се воздржат од акти кои можат да и наштетат на безбедноста на Косово. Тројката соопшти дека следните разговори со Белград и Приштина се во Баден Австрија од 26 до 28 Номеври. На 10 декември ќе биде заклучен нивниот извештај и ќе биде предаден на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG