Достапни линкови

Енергетските пијалаци и алкохолот се опасна комбинација


Мартинито-односно комбинацијата на вотка, вермут и неколку маслинки тешко дека изгледа како еликсир за здравјето. Но споредено со најновите коктели, односно мешањето на ред бул и вотка, тоа може да се смета за безбедно. Според најновите истражувања, енергетските пијалоци и алкохолот се опасна комбинација.

На годишниот состанок на Американската асоцијација за јавно здравство, професорот по медицина, Мари Клер О'Брајан ги презентираше резултатите од истражувањето какви последици има мешањето на енергетските пијалоци со алкохолот.

„Моето мислење е дека она што им се случува на луѓето кои мешаат алкохол и енергетски пијалоци е тоа што тие не знаат дека се пијани. А, сметам дека знаењето дека сте испиле доволно или премногу е многу важно пред да бидете способен да преземете ризик. Совршен пример за тоа е да знаете дали сте способен да возите или не. “

О Брајан и неговите колеги спроведоа анкета кај повеќе од 4000 студенти и откриле дека ризикот од инцидентите што се поврзани со алкохолот, како на пример да возите пијани, се дуплира кај личноста која мешала енергетски пијалок со алкохол. Исто така и ризикот од медицинска помош е поголем кај тие лица.
Според О Брајан мешањето на ваквите пијалоци станува популарно затоа што луѓето веруваат дека можат да пијат многу, а да не се опијат. И додека тие се чувствуваат трезни, всушност се пијани, вели О Брајан.

„Тие треба да знаат дека ако бидат запрени од полицијата , можеби ќе се чувствуваат добро. Но, ако од нив биде побарано да се испита конценнтрацијата на алкохол во крвта и способноста за моторни движења, резултатот ќе биде ист како кај пијаните лица.“

Независно од ефектот што го предизвикуваат доколку се мешаат со алкохол, енергетските пијалоци уживаат голема популарност во светот. Само во 2006 година, 500 нови енергетски пијалоци беа промовирани ширум светот.
XS
SM
MD
LG