Достапни линкови

Владата треба да даде отчет за потрошените пари, повикуваат граѓаните и експертите


Кампања здравје за сите, ваучери за студентите за набавка на компјутери, рекламирање за привлекување на странски инвеститори односно кампањата Инвестирајте во Македонија, па се до најновиот рекламен спот во кој што се посочуваат ефектите од едногодшното владеење на владата, и кампањите што доправа следуваат за кои што веќе е распишан тендер, а се однесуваат на промоција на значењето на семејството и за промоција на индивидуализмот. Ова се само дел од кампањите кои што ги започна владата, а за кои оттаму не кажуваат колкави пари се потрошени. Единствениот одговор во Владата е дека средствата за сите реклами се во согласност со буџетските рамки. Некои од граѓаните го прифаќаат ваквиот начин на комуницирање на власта со јавноста, некои не, но посочуваат дека владата треба да даде отчет за потрошеното.

„Мислам дека е во ред, треба да се зема фискална сметка, но сите тоа го знаеме, нема потреба од вакви реклами како оваа што пред нас. Се троши претерано.“
„Се троши за поголемите, за помалите не.“
„Мислам дека е добро.“


забележуваат граѓаните.

Економските експерти пак истакнуваат дека со неоткривањето на информацијата владата не го почитува законот за јавни набавки.

„Доколку нема таква информација, значи ставот е дека не се испочитување принципите за транспарентност во работењето на органите во државната управа,“

изјавува професорот од Европскиот универзитет Зоран Ивановски. За илустрација од Министерството за финансии од каде не ја кријат информацијата за потрошените пари за кампањите што ова министерство ги спорведе, а се однесуваат на промоција на рамните даноци и безготовинското плаќање, велат дека се потрошени околу 36 милиони денари. Портпаролот на министерството Мартин Мартиновски уверува дека постигнатите ефекти ги вратиле потрошените пари:

„Граѓаните се повеќе го разбираат значењето на фискалните сметки. Другиот сегмент е рамниот данок, како голема реформа,“

Посочува Мартиновски. Во јавноста неофицијално според пресметките на невладините организации се оперира со бројка од 15 до 17 милиони евра потрошени пари од страна на владата за рекламни кампањи.
XS
SM
MD
LG