Достапни линкови

Политичката криза се одразува врз политичко-безбедносната состојба, коментираат експертите


Интерпелацијата поднесена во собранието со која се бара одговорност од заменик министерот за внатрешни работи Рефет Елмази од ДПА, поради неговото учество во собраниските инциденти, ги подели владините партнери. ДПА не прифаќа одговорност за Елмази и најави дека е можен и распад на владата. Но, поддршка за интерпелацијата за заменик министерот за внатрешни работи јасно најавува коалицскиот парнтер НСДП. Иван Анастасовдки од оваа партија вели дека интерплеацијата се одразува врз односите внатре во коалицијата:

„Ние принципиелно излеговме со став дека ќе гласаме за интерпелацијата што нормално доведува до одредена нервоза во ДПА.“

Изјавува Иван Анастасовски. Случувањата во владините редови, експертите ги коментираат како политичка криза која се одразува севкупно врз политичко-безбедносната состојба. Професор Биљана Ванквовска посочува дека сето ова говори за слабоста и зависноста на владата на Груевски од коалиционите партнери:

„Од друга страна е поразително да видете колку ниско ниво на политичка култура постои кај носителите на јавни функции. Во една нормална демократска држава би се пронашле елегантни начини во кои би се сочувал и дигнитетот на владата, но и би се поместил секој оној функционер што нанесува повеќе штета заради некој свој јавен гаф или грешка во јавноста.“

Во контекст пак, на безбедносната состојба професор Ванковска коментира дека битката околу интерпелацијата на заменик министерот за внатрешни работи Рефет Елмази е само одблесок на ривалитетот кој што на теренот постои помеѓу ДПА и ДУИ. Таа во корелација ја доведува и последната акција на Министерството за внатрешни работи во селото Бродец:

„За ДПА е од голема важност да ја задржи оваа позиција во секторот на безбедноста и заради тоа што тоа им дозволува да речам, малку порадикални мерки за справување со своите политички и други противници. Ми се чини дека дури и последната акција околу селото Бродец меѓу другите елементи беше инспирана и од тоа да се рехабилитира Елмази заради својот страшен политички гаф.“

Истакнува професор Ванковска. Иако не верува во драматичен исход од собраниската седница, аналитичарот Алберт Муслиу е на мислење дека сето ова е само продолжение на лошите односи што континуирано постојат помеѓу партнерите во власта ДПА и НСДП:

„Секако дека е рефлексија на некои проблеми помеѓу НСДП и ДПА, значи на некои би рекол недефинирани односи.“

посочува Муслиу.
XS
SM
MD
LG