Достапни линкови

Позитивно е што меѓународниот фактор и политичките партии ги поздравувуваат преземените мерки


Македонија е дел од ризичното подрачје на регионот на Западен Балкан, а ситуацијата со одолговлекувањето на решението на статусот на Косово, како и во пресрет на изборите што треба да се одржат во Покраината, генерално тензичната и неизвесна ситуација во регионот има директно влијание врз безбедносната ситуација во земјата, односно е поврзано со последните безбедносни инциденти, коментираат експертите од областа на одбраната. Ситуацијата на Косово е најтесно поврзана не толку со Србија колку со Македонија поради многуте недефинирани прашања, вели професорот Стеван Буџаковски од Факултетот за општествени науки:

„Тие и не држат повразани како ,,заемски близнаци“ со нерашавањето на границата и тука решавањето на статусот на Косово е најтесно поврзано со Република Македонија и можам да кажам дека повеќе е со Македонија отколку со Србија бидејќи таму е веќе дефинирано дека треба да се направи друга држава, да се одвои итн. Меѓутоа со Македонија сеуште постојат недефинирани прашања околу непризнавањето на границата.“

Потенцира професор Буџаковски. Во изминативе неколку месеци загинаа двајца припадници на македонската полиција во инциденти во Ваксинце, а потоа и во Танушевци. Министерството за внатрешни работи деновиве изведе акција против вооружени криминални групи предводени од Рамадан Шити и Лирим Јакупи во шарпланинските села. Тоа се структури кои што постојано ,,оперираат“ на теренот меѓу Макеоднија и Косово, вели професор Буџаковски кој додава дека позитивно е тоа што и меѓународниот фактор и политичките партии ги поздравуваат преземените мерки:

„Спрема ова што веќе имаме осуда, не подршка, квалификацијата говори дека веќе може да стане збор дека имаме виза овие региони да се ,,исчистат“ од вакви состојби.“

Во оваа насока аналитичарот Мерсел Биљали смета дека поголеми безбедносни ризици не му претстојат на регионот:

„Се увиде дека такви групи веќе немаат расположение кај луѓето, имено луѓето сакаат прогрес, просперитет, промени, несакаат перманентно да мислат на дестабилизации, конфликти итн.“

Сепак додава Биљали ситуацијата на Косово односно регионалната стабилност е тесно поврзана и со приемот на Македонија во НАТО. На само неколку месеци пред самитот на Алијансата потребна е голема внимателност:

„Апсолутно треба да се мобилизираат сите политички капацитети, бидејќи тоа е општ национален интерес и секое дејство кое што води кон тоа да се намалат шансите е навистина катастрофално.“

истакнува Биљали.
XS
SM
MD
LG