Достапни линкови

Експертите поделени во мислењата за влијанието и тајмингот на акцијата


По вчерашната полициска акција состојбата во Бродец и во неговата околина е мирна и не се заблежани никакви инциденти информира портпаролот на МВР Иво Котевски. Бројот на загинати шест лица и приведени 12 останува ист - додава Котевски

„Во текот на ноќта се пријави уште едно лице коешто учествувало во престрелката, кое веднаш беше симнато од Бродец и испратено на клиника за да му биде укажана лекарска нега. Исто така, се пријави и еден од припадниците на посебните полициски единици дека добил полесни повреди на ногата.“

Засега не се знае какви кривични пријави ке бидат поднесени против приведените објаснува Котевски затоа што сеуште се работи на расчистување и документирање на случајот. За акцијата пак вели тој биле информирани мегународните фактори. И од мисијата на Европската Унија во Скопје денеска потврдија дека од властите и лично од министерката биле информирани за полициската акција против како што велат силно вооружени банди во околината на селото Бродец. Според информациите кои што ги имаме велат од мисијата операцијата била ефикасна и спроведена на професионален начин без цивилни жртви.

Во врска пак со можните импликации врз целосната безбедносна состојба предизвикани од акцијата експертите со различни ставови. Според Благоја Марковски претседател на Балканскиот безбедносен форум акцијата ќе изврши позитивно влијание врз безбедноста во замјава затоа што со неа се испратени неколку сигнали:

„Првиот сигнал е тоа дека Република Македонија нема да дозволи прелевање на негативни влијанија од соседството или било која територија. Второ, дека Република Македонија е држава со институции и органи кои може да се справат со ова и третото што треба да се има предвид е дека ова не е 2001 година.“

Акцијата на албанците им ги врати чувствата и ги потсети на настаните од Бит Пазар, Гостивар, Радолиште оценува директорот на институтот за политички и интеркултурни студии Ризван Сулејмани според кој сето ова може да има негативни импликации. Сулејмани смета дека акцијата против кримналците била потребна но не на начинот на кој што се изведе

„Не може спектакуларно да интервенираме. Ова не е апсење. Полицијата апси и приведува, не со хеликоптери и тенкови.“

Сулејмани се сомнева дека и денот односно веднаш по извешатојот на европската комисија е намерно одбран

„За да се покрие негативниот извештај, иако ЕУ како прагматисти, доста беа избалансирани во извештајот.“
XS
SM
MD
LG