Во сенка на турбулентните политички случувања, вкупната безбедносна ситуација, акцијата на Министерството за внатрешни работи за апсење на криминалните вооружени структури, критиките во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија, кризата во политичкиот дијалог... земјава изминативе месеци регистрира и серија поскапувања на цените на производите. Иако едното оди со другото, сепак мирот е поважен од поскапувањето, е реакцијата на граѓаните во ситуација на економски настани повразни со зголемувањето на трошоците на живеење и секојдневните настани во политиката и безбедносната ситуација:
„Мирот е навистина поважен од цените.“
„Човек навистина ќе помисли дека се е режирано, но режисерот треба да се знае.“
„Следиме политика, да тоа е актуелно сега. Меѓутоа политичарите нека си ја следат политиката, а луѓето сакаат да живеат.“
„До кога ќе викаме дека македонскиот народ е издржлив, се си има граници на издржливост. Безбедносната ситуација, државниот врв вели дека е добра, но каде е тоа, кога еве вознемирени сме.“
Сериозните настани од политичкиот живот и посебно безбедноста предизвикуваат т.н. психолошка предност кај населението, односно потиснување на еден проблем со друг, објаснуваат експертите за насоченоста на граѓаните кон грижи од политичко-безбедносната ситуација и за кратко излегување од економските проблеми:
„На пример да настане некое поскапување во мирно време, тоа би предизвикало далеку поголеми шокови. Вака некако реакцијата е помлака, помирна, се среќаваме со реакции од типот: па добро некаде се пука, нешто се случува.“
Истакнува социологот Илија Ацески кој додава дека на подолг временски период тоа негативно влијае врз способноста за проценката на настаните:
„Веќе луѓето не реагираат на некои настани на кои во едни нормални околности би требало да се реагира.“
Инаку во октомври во споредба со претходниот месец според Заводот за статистика, трошоците за живеење забележуваат поскапување за 1,5 отсто. Најголем пораст на цените изминативе месеци е забележан кај брашното од 3,8 отсто, а тоа предизвика и поскапување на лебот и белите пецива, но и на речиси сите останати прехрамбени и земјоделски производи.