Достапни линкови

Македонија да ја интензицира работата на исполнување на политичките критериуми


Со порака дека во претстојниот период до самитот на НАТО во Букурешт Македонија треба да ја интензивира работата во делот на исполнување на политичките критериуми, како и разрешување на спорот за уставното име со Грција, во земјава пристигнува американската амбасадорка во Алијансата Викторија Њуланд.
Евентуалната покана за членство во Алијансата мегудругото се поврзува и со регионалниот контекст посебно косовското прашање, бидејки според државниот врв посебно Соединетите држави сакаат во околината околу покраината да има земји од Алијансата. Со тоа се согласуваат и некои аналитичари

„Ние да не сакаме тоа се работи поврзани едни со други и во таа смисла, се разбира факторите во НАТО сериозно ја мислат таа ситуација, колку ние и да немаме непосреден увид во тоа. Имено, се разбира дека ширењето на НАТО е еден од императивите и всушност една од точките каде што има вжештена дискусија и недоразбирање меѓу рускиот фактор на гео политиката и американскиот фактор. Меѓутоа, Американците тврди инсистираат на финализирање на ширењето на НАТО, пред се, Албанија, Македонија и Хрватска за обезбедување на нивните влогови, тоа се Босна и Косово,“

вели Ѓунер Исмаил од Форум Центарот за стартегиски истражувања.

Во контекст на постигнатите стандарди во неодамнешното интервју за Утрински весник Њуланд вели, не мислам дека било која од трите земји од Јадранската група е подготвена денес, но оти Соединетите држави во претстојниот период ке помогнат да се зааокружат преостанатите обврски. На позитивна страна на земјава според неа е тоа што Македонија придонесува за глобалната сигурност, придонесува за безбедност во Авганистан, Ирак со учество во мегународните мисии, дека реформите во одбраната се одвиваат добро и слично. Владата минатата недела донесе одлука двојно да го зголеми бројот на војници. Ке бидат испратени уште 36 војници со ист мандат и ке бидат вклучени во исти активности како и 44 те припадници на Армијата кои се веке во мисија во Ирак. Претставници од државниот врв велат дека тоа е начин македонија да ги компензира недостатоците во политичкиот дел со кој не може да се пофали.
XS
SM
MD
LG