Достапни линкови

Не губете време во меѓусебни обвинувања, работете на реформите, порачува Ерван Фуере


Евроамбасадорот Ерван Фуере при презентација на извештајот на Европската комисија во скопје ги повика политичките лидери во земјава да го користат документот како основа да изградат консензус за клучните прашања. Како приоритети на краток рок тој ги истакна

„Соодветна имплементација на сите обврски превземени со Спогодбата за стабилизација и асоцијација,
воспоставување на политички дијалог, спроведување на закон за полиција, заокружување на судските реформи, усвојување на законот за јавно обвинителство, деполитизација на јавната администрација, владеење на правото, зајакнување на институциите.“


Премиерот Никола Груевски вели дека забелешките се главно во оние области во кои е потребна поддршка од опозицијата

„Во области во коишто во минатото имаше повеќе слабости, сега има повеќе прогрес. На пример во делот на економијата и економскиот развој или пак во делот на борбата против корупцијата и криминалот. Тоа се делови каде што владата може сама да дејствува, без да зависи од опозицијата или други фактори во државата. Во некои делови каде што е потребна и волја на друг имаме и по некоја слабост, но имаме и прогрес.“

Амбасадорот Фуере укажа дека напредок може да се постигне само со заедничка работа:

„Јас би се надевал дека тие нема да губат време обвинувајки се мегусебе за областите во кои недостасува прогрес, само со заедничка работа можат да постигнат напредок, за мене важно е да се обврзат дека заеднички ке ги спроведуваат реформите и само со тој пристап може да се дојде до успех“

За тоа пак кога Македонија може да очекува датум за преговори еврокомесарот Оли Рен рече

„Во земјата што многу добро ја знам постоеше еден композитор што се викаше Жан Сибелиус. Едно утро, во ресторанот Камп во Хелсинки неговата жена се јавила и го прашала драги кога се враќаш дома? Сибелиум на тоа рекол, моја драга, јас сум композитор, а не прогнозер, така што тоа ќе биде мојот одговор до вас. Тоа зависи од земјата и реформите што ќе ги направи дури тогаш може да зборуваме сериозно за отворање на преговорите.“
XS
SM
MD
LG