Достапни линкови

Од унилатерално признавање на косовската независност до многугодишно замрзнување на статусот


Во последно време се појавија неколку сценарија што меѓународната заедница ги нудела за Косово. Од можноста Европската унија унилатерално да ја признае косовската независност, до многугодишно замрзнување на статусот. Сите тие направија вистинска конфунзија во регионот.

Европретставникот во преговарачката тројка на Контакт групата Волфганг Ишингер деновиве го изнесе моделот сличен на оној со кој беа региларни односите меѓу Источна и Западна Германија во седумдесетите години од минатиот век. Во францускиот весник Ле Монд пак, беше пренесено дека Европската унија подготвувала сценарио за премостување на противењата на некои членки и преку испраќање мисија всушност да ја признае независноста на Косово. Приштинскиот весник Експрес објави текст за тоа дека Стејт департментот би можел да предложи замрзнување на статусот до две илјади и давесета година, но за возврат Косово би добивало по седум милијарди евра годишно од американскиот и евроспкиот буџет.

„Информациите во текстот на косовскиот весник се целосно неосновани. Стејтдепартментот ги оцени како невистински. Позицијата на Вашингтон спрема косовското прашање е непроменета.“

Вели Риан Херис, прв секретар во американската амбасада во Белград. И покрај демантите, некои познавачи на состојбите на Балканот не ја исклучуваат можноста за ова да се размислувало во Вашингтон.

„Не би ме изненадило да има и такви кои размислуваат за такво решение. Вашингтон смета дека главен проблем сега бил Иран и оти за тоа треба да ја придобие Русија. Значи би можело да се заклучи дека би и се направиле некои отстапки, како например одлагањето на статусот на Косово.“

Смета британскиот публицист Тим Џуда. Со мислењето дека постојат повеќе идеи за решавање на еден проблем се согласува и Гералд Кнаус, претседател на Иницијативата за европска стабилност. За него сепак е неверодостојно новиот предлог за многу годипно одлагање на статусот.

„Идејата работите да се одложат на толку долг период, дури до две илјади и дваесета ми звучи многу неверојатно. Ниту еден сериозен документ не би одел до толку далечна иднина. Од друга страна евентуалните размислувања за уште едно одлагање не се сосема неверојатни.“

Притоа Кнаус потсетува на неподготвеноста на некои европски земји да ја признаат еднострано прогласената независност на Косово. ,,Очигледно е дека американците во моментов имаат други приоритети во надворешната политика и поради тоа не би сакале да влезат во конфронатции со европејците,, вели Гералд Кнаус од Иницијативата за европска стабилност.
Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски денеска во Вашингтон ќе се сретне со американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс. Министерот Еленовски ќе има и одвоени средби со заменикот на советникот за национална одбрана Џим Џефри и со Вилијам Лути, кој е специјален помошник на американскиот претседател Џорџ Буш за одбранбена политика и стратегија.
XS
SM
MD
LG