Достапни линкови

Опозицијата и власта единствени во стратегијата за името


На околу пет месеци пред очекуваната покана за членство во НАТО алијансата притисокот врз земјава за промената на нашето уставно име се зголемува. По најновиот предлог на медијаторот Метју Нимиц премиерот Грусвеки излезе со став дека промената на името не е можна дури и по цена да не влеземе во алијнсата. Попладне тој заедно со претседателот Црвенковски на редовната понеделничка средба ќе го градат заедничкиот став. Од владата велат дека стратегијата е да се остане на позицијата на неменување на уставното име, а од друга страна да бидеме дел од евро атланските структури. Портпаролот Ивица Боцевски вели дека пред меѓународната зедница тоа ќе се обидат да го докажат преку работа

„Ние како Република Македонија со негување на демократските и либералните вредности, со негување на она што нас не прави европска и западна нација, со спроведување на сите реформи во економската, безбедносната и политичката сфера, ние неповратно се врзуваме со сите структури на евро атлантскиот круг и од тие причини овој процес ќе продолжи и понатаму.“

И досегашните толкувања од кабинетот на шефот на државата Црвенковски одеа на линија дека приемот во НАТО пред се зависи од нашите постигнувања и од ратификацијата во парламентите на 26 земји членки. Грција не може да биде пречка доколку ние влеземе под референцата ФИРОМ велат од кабинетот затоа што тоа е дел од времената спогодба. Од таму додаваат дека доколку Атина настапи поинаку тогаш таа би ја свртела мегународната заедница кон себе затоа што не би го почитувала тој договор.

Од опозициониот социјал демократски сојуз ја подржуваат стратегијата на владата и велат дека доколку би биле на власт и тие би постапиле исто. Потпресдателот Јани Макрадули вели дека ја поддржуваат стратегијата за неменување на уставното име а усогласените ставови на државниот врв одат во прилог на тоа

„Изјавите од сите претставници на владата, посебно од премиерот и министерот за надворешни работи праќаат јасни сигнали. Кога ќе се види дека има јасен став од сите во државата тогаш е полесно да се креира таа слика.“

Според поранешниот македонски преговарач во спорот со името Иван Тошевски Македонија воопшто не се наоѓа под засилено притисок затоа што како што вели тоа Грција го прави постојано а државава успеала да влезе во други меѓународни организации

„Ќе си продолжиме и во НАТО ќе не примат и во ЕУ. Тоа ќе си продолжи и не треба да правиме проблеми со тоа.“
XS
SM
MD
LG