Достапни линкови

Петар Гошев, гувернер на НБМ. За „Македонска Банка“ претходно ги исцрпивме сите механизми


Господине Гошев, пред да ја донесете конечната одлука за Македонска Банка, рековте дека сте ги исцрпеле сите можни механизми. Што точно преземавте пред да ја донесете одлуката?

Други можности немавме. Веднаш да кажам директно, да имавме друга можност ќе одберевме друга. Немавме други можности затоа што претходно имавме низа мерки, баравме да се ослободи од хипотеки, бидејќи почна да станува хипотекарно друштво, а не банка. Баравме да ги намали ризичните пласмани, да ги намали минусните салда коишто ги имаше кон граѓани кои беа над законските ограничувања. Баравме да дотури капитал, бидејќи му падна капиталот под девет милиони, па го губеше правото за работа со странство. Баравме да го унапреди управувањето внатре во банката, да ги подобри кредитните процедури, на крајот дојдовме до барање, врз основа на оценка дека тој не е соодветен акционер врз основа на законот за банки, дека мора да го намали своето учество под десет насто, а со новиот закон под пет насто. Значи, согласно законот за банки, сето негово однесување, а имавме негови карактеристики и за време на водењето на Радо Банката, моравме да констатираме, не затоа што сакавме или не сакавме, дека тој не може да биде акционер согласно со законот за банки. Затоа, имаше решение да ја продаде банката. Му дадовме шест месеци. Не го стори тоа. Му дадовме нови 12 месеци, на негово барање и се разбира тој понуди гаранција за да му го продолжиме рокот давајќи и писмено и усмено чесен збор дека тоа ќе го стори. Затоа тогаш понуди десет милиони евра, коишто ќе стојат како гаранција, ако не го изврши решението, не може да ги повлече тие пари и ќе стојат како обезбедување за штедачите и доверителите. Тој тоа го стори и ние бевме помирни затоа што со тие десет милиони евра плус, обврските кон штедачите беа подобро покриени. И се разбира мислевме дека конечно ќе го стори тоа што го бара централната банка. Поминаа и новите 12 месеци тој тоа не го стори. Не сакавме да ја затвориме банката, го чекавме и новиот закон, кој ни даваше плус опција, ако тој не го изврши решението Народната банка ќе ги продаде акциите на акционерите на берза. Затоа тој доби уште девет месеци, после новиот закон, па уште 75 дена, некаде до 30 септември. Се на се, 27 месеци се собраа чекајќи го да изврши решение на институција како централната банка. И непосредно пред последниот ден Д, тој смислува игра да го изигра решението и банката ја пренсува на десет физички лиџа и шест малечки правни фирми, коишто проверивме на сметките немаат пари, трошоците за пренос ги платил тој. И банката им ја пренесува секому за по 16 илјади евра. И тие пари се всушност со проверката на сметките на исплатите на Јака акционерот, тие денови забрзани исплати во кеш, на поединци под некакви изговори. Тие т.н. акционери не исполнуваат ниту еден услов да бидат акционери и да имаат банка.

По оваа одлука не се незадоволни само вработените во Македонска Банка, туку и дел од штедачите, бизнисмените кои велат дека им е закочен бизнисот, оние кои земале кредити ќе треба порано да ги враќаат. Кога ќе се надмине ваквата состојба?

Некои се засегнати, а некои се повикани да кажат дека се засегнати преку оние медиуми кои имаат задача да ја напаѓаат централната банка и сакаат да ја направат сликата што е можно полоша. Штедачите ќе бидат обесштетени. Затоа што ние водевме грижа да има доволно ликвидни средства. Тие ќе бидат сите обесштетени, има процедура, малку ќе почекаат, тоа е надвор од Народната банка, фондот за осигурување на депозити има своја улога, ликвидаторот своја. Ние претходно вршевме приперми со нив и консултации, бргу да биде именуван ликвидаторот и тој беше именуван за три дена. Лично разговарав со претседателот на судот и му ја објаснив ситуацијата. Треба што побргу да почне исплатата затоа што пари има. Без оглед што пари има, луѓето сакаат да ги имаат побргу. Но, за некои депоненти, правни лица, мошне симптоматично и невкусно е да се жалат на одлука која според законот, Народната банка морала да ја преземе затоа што тие имале пари. А, тие ако се вистинските, при две години конфликт на релација Централна банка една банка, при толку соопштенија од самата банка, дека таа има проблеми со централната банка, тие не помислисиле дали имаат некаков ризик што се таму.

Како воопшто се случило, бизнисмен од типот на Јовица Стефановиќ Нини којшто е познат како контраверзен на целиот Балкан да купи акции во банка. Има ли некои механизми што можат да го спречат тоа?

Постојат, народната банка на такви акционери не треба да им даде да влезат во банкарскиот систем. Тие наоѓаат заобиколни патишта, но за износ на акции порано помалку од десет насто не се бараше согласност, а според новиот закон помалку од пет насто. И тие до толку може да купат на берза, не барајќи согласност, но над пет насто, тие мораат да нараат согласност. На таков акционер централната банка не треба да даде согласност.

Како успеа Нини да ја купи Македонска?

Па, 2003 година му дозволиле да ја купи банката.

Во Македонија нема познати странски банкарски бреднови. Владата велеше дека постојат законски пречки за познатите банкарски бреднови, сега се донесе нов закон, може ли да очекуваме влез на странски банки кај нас?

Ние имаме странски банки и 64% од капиталот е во рацете на странци и на странски акционери. Процентот постојано се зголемува. Дали сме задоволни од овие странски акционери или не, или сакаме покрупни имиња, тоа е друго прашање. Едно од покрупните имиња е Сосиете Женерал којшто влезе годинава што е мошне добро. Не е за потценување ниту Нова Љубљанска, добро е да дојде уште поголемо име. Имаме серија на ситуации во изминатите 17 години, кои влијаат на одлуките на брендовите за влез во Македонија. Сега работите се подобруваат и имаме континуирано зголемен интерес на потенцијални инвеститори. Наскоро, дали имиња покрупни или помалку крупни во Македонија ќе влезат.
XS
SM
MD
LG