Достапни линкови

Партиите тврдат дека веќе работат на смирување на тензиите, МВР оценува дека состојбата е стабилна


Веднаш по оценката на македонскиот совет за безбеднсот дека состојбата во државава е стабилна а досегашните инциденти се предизвикани од криминали групи , хрватската радио телевизија емитуваше снимка на која вооружени лица тврдат дека се наогаат во кумановско. Причината за нивното организрање како што велат тие е претходното вооружување на српки герилци во регионот.Од министертсвото за внатрешни работи велат дека ке ги утврдуваат деталите околу снимките

„За сега немаме сознанија. Снимките ќе бидат прегледани, така што ќе се обидеме да утврдиме каде кога и кој ги направил,“

вели портаролот на МВР Иво Котевски.

Во врска со прашањето дали полицијата има сознанија дека кризата од косово се прелева во македонија Котевски се повикува на оцената на советот според која се работи за криминалци кои не се политички организирани

„Со тоа што постои можност тие во иднина, доколку не бидат сузбиени да дејствуваат и поинаку, но за сега не постојат сериозни индиции, согласно заклучоците на Советот за безбедност за нарушување на безбедносната состојба.“

Покрај барањето на шефот на државата Црвенсковики безбеднсоите структури да бидат повеке пристуни на теренот по седницата на советот тој истото го побара и од политичките партти. Од Демокртската Унија за интегарција велат дека тие и досега делувале политички кон смирување на тензиите

„Претседателот Али Ахмети, на сите состаноци и собири повикува на разумни реакции, на прибраност, на однесување во функција на надминување на овие состојби и од таа гледна точка може да се каже дека ние таа работа ја правиме,“

вели Азис Положани

Со слично тврдење и претседателот на пеартијата за демократски просепритет Абдулади Вејсели

„Ние бевме секогаш на терен за да разговараме за безбедноста и стабилноста. На крајот на краиштата и митингот во Тетово беше митинг за полесна комуникација меѓу граѓаните и политичките партии.“

Според извори од Евроспката комисја пак во извештајот кој ке биде презентиран во вторник оценката за безбедноста ке биде ралична од ланската кога беше окарактеризирана како стабилна. Изворите велат дека сите последни инциденти ке бидат наведени во извештајот за напредок на замјава.
XS
SM
MD
LG