Достапни линкови

Решението за Косово мора да се најде преку преговори


Русија е категорина, за косовскиот статус мора да се најде решение преку преговори

„Нашиот став е дека само решение кое ќе биде постигнато по пат на преговори со согласност од двете страни е прифатливо и за регионот и за целата меѓународна заедница. 10 декември не е конечен датум, кон тој датум треба да му биде поднесен извештај на генералниот секретар на ОН од преговарачката тројка за текот на преговорите, по што прашањето ќе биде вратено во Советот за безбедност на ОН и јас верувам во она што го гледаме во меѓународната заедница, дека се повеќе се зацврснува ставот дека унилатерално прогласување независност од страна на Косово ќе биде најлоша солуција,“

изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Владимир Титов кој на прашањето дали во случај на еднострано прогласнување на независност по што ако следи признавање на Косово од Македонија дали би имало некакви последици врз земјава

„Мислам дека нема смисол ние да шпекулираме што ќе биде ако биде, бидејќи нашата основна и примарна цел е да најдеме решение по пат на преговори.“

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски пак истакна дека косовското прашање треба да се реши што е можно поскоро

„Колку поскоро ќе се дојде до конечно решение толку подобро ќе биде за двете вклучени страни Приштина и Белград, но ќе има и позитивни импликации на регионот. Македонија не е земјата која ќе го определи конечниот статус на Косово.“

Милошоски најави дека на почетокот на ноември во Москва ке престојува македонска делегација како дел од мешовитата македонско руска стопанска комисија со цел потпишување на завршниот документ што се однесува на клириншкиот долг на Русија кон Македонија

„Имаме показатели дека долгот ќе биде искористен максимално, во економски инвестиции, пред се во енергетскиот сектор,“

рече Милошоски.
XS
SM
MD
LG