Достапни линкови

Невладините организации предлагаат малцинските заедници да раководат со заедниците


И покрај тоа што во општините со мешан етнички состав во земјава се формирани комисии за односите меѓу заедниците, сепак тие не ги извршуваат потребните активности, меѓу другото стои во забелешките кои произлегуваат од мониторингот извршен на работата на комисиите од страна на невладината организација „Заеднички вредности“ во рамките на проектот правата на немнозинските заедници на локално ниво, што се спроведува во соработка со Центрите за поддршка на невладините организации. Овој пат, вклучени се општините Дебар и Центар Жупа, но и неколку други општини во земјава.

Според програмскиот советник Анета Воиновска Наумова има позитивни чекори во работата на Комисиите, но има и големи проблеми:

„Има простор за работа на афирмација на надлежностите коишто ги покрива оваа комисија, затоа што сметам дека пред се, припадниците на етничките заедници не се доволно запознаени и информирани ниту за постоењето на комисијата, а уште помалку за надлежностите коишто оваа комисија ги покрива.“

Оваа невладина организација по мониторингот смета дека комисиите на локално ниво за односи меѓу етничките заедници ќе имаат подобри резултати ако нив ги раководат лица припадници на немнозинските етнички заедници:

„Ќе постои поголема мотивираност и отвореност за ставање на маса на одредени отворени прашања.“

Слични се проблемите на овие комисии и во општините Дебар и Центар Жупа, вели локалниот координатор Шуип Марку:

„Ние предлагавме во општината да се назначи лице, референт, за немнозинските заедници, кои ќе ги ажурираат информациите. Граѓаните ќе бидат поотворени кај него да ги доставуваат проблемите и така работата би се одвивала подобро.“
XS
SM
MD
LG