Достапни линкови

Опожарената Чарши џамија во Прилеп сеуште не е реставрирана


Обидот на прилепскиот уметник Кемаил Солевски, со наслов „Кохабитација“ да инсталира илуминација во опожарената Чарши Џамија во центарот на Прилеп пропадна, вели од кабинетот на градоначалникот Марјан Ристевски, му било соопштено дека проектот се одлага од технички причини. Очигледно е дека никој не презема конкретни мерки за реконструкција на објектот, опожарен во настаните кои се последица на конфликтот во 2001 година. Па, овој споменик на културата од 1475 година и натаму е депонија, локација каде се собираат бездомници, срам за градот. Проектот за реставрација и конзервација сепак е готов:

„Стручните служби се во фаза на реализација на проектот за конзервација и реставрација на истата,“

вели Рубин Белчевски, директор на прилепскиот музеј.

Сопственик на овој споменик на културата не ИВЗ. Таа бара џамијата да се реновира, но за да биде функционална:

„Надлежните се запознаени. Чарши џамија е културно историски објект од прва категорија,“

вели Мустафа Топалоски, муфтија на прилепското муфтивство.

Интенција на локалната самоуправа е објектот да се реновира, но само како културно историски споменик, а не како што бара муфтиството во активен верски објект:

„Секој може да обвинува секого, но не станува збор за кочење на изградбата на џамијата, но соодветни институции се Министерството за култура и Музејот на Прилеп,“

вели градоначалникот Марјан Ристевски.

Според него, со деталниот урбанистички план е предвидено изградба на џамија во ромската наслеба Тризла, каде живеат најголем дел од еден насто граѓани со муслиманска вероисповед.
XS
SM
MD
LG