Достапни линкови

Поен повеќе за политичкиот рејтинг, сметаат експертите


Претворањето на конференциската сала на Валдата во демократски форум, каде што денеска требаше да се слушаат предлози за остварување на нејзината програма од граѓани на Владата и донесоа коментари, сугестии и по некоја критика:

„Да се направи проект од булеварот „Александар Македонски“ до Катланово. Лани се случија десет жртви.“

Премиерот Никола Груевски рече дека имало предлози од политиката, економијата, здравството, но целта на овој потег било пред се да се охрабри јавноста да учествува во демократските процеси:

„Има многу граѓани што имаат интересни идеи. Има некои што доаѓаат со послаби идеи, некои што доаѓаат со лични проблеми, но има и што доаѓаат со многу интересни идеи. Мислам дека на луѓето во владата тоа ќе им биде корисно, а и на луѓето кои имаат идеи е добро да им го посветиме тоа време. Можеби некој гледа повизионерски отколку сите ние во моментов.“

Ќе добие ли владата повеќе идеи или поен за себе? Поставувањето на овој репер на комуникација јавноста го прима со резерва дека ова може да има практична вредност, туку повеќе како нејзина презентација како отворена и демократска:

„Немам време за идеи, работно сум дојден, а тие што имаат нешто нека си кажат“
„Којзнае дали ќе се реализира тоа. Колку идеи имаа до сега?“
„Секогаш имало идеи, но недостасуваат средства.“
„Владата и министрите се платени за тоа.“
„Можеби е подобро во Собранието да се организира на некој начин. Не во влада, претставничкиот дом е тоа, таму се избраниците, секој го дал гласот за некого.“


Идејата на владата да комуницира на овој начин, според Ило Трајковски, професор на Филозофскиот факултет во Скопје е оригинална, но според него таа е во духот на онаа со која се промовираше отворање на парламентот:

„Во тој дух, на тој начин не дека владата ќе добие не знам какви идеи, но сепак претставувањето на владата како влада што е отворена. Гледам многу беневолентно на тоа. Тоа е поен повеќе за рејтингот и за граѓаните, затоа што некој ги смета за важни.“

Тој се согласува дека луѓето може да бидат резервирани околу оваа идеја и дека може да биде многу поефикасно ако се одберат други форми преку кои луѓето попрактично би се вклучиле во демократските процеси во земјава:

„Владата е местото каде што може да ги акумулира тие иницијативи. Но, директно да излегува на улици да ги собира идеите од граѓаните, предлозите може да се доставуваат и на друг начин.“
XS
SM
MD
LG