Достапни линкови

Постојат недоречености во законските акти за плаќањето на придонеси, велат експертите


Само минимална плата, без регулиран статус на вработен односно без здравствено и пензиско осигурување, многумина граѓани во државава работат на црно, притиснати од сиромаштијата и големата понуда на работна сила, која се искористува од страна на работодавците. За своето искуство раскажува еден 37 годишен граѓанин.

„Сум работел на повеќе места во изминативе десет години, а сум бил пријавен само во една фирма.“

Оттука вели овој човек, неможам ниту да се наддевам на здравствено, а за пензиско осигурување само сонувам:

„Животот во Македонија е исклучително скап и со сто евра кои и дополнително не ти се загарантирани од работодавецот, не дај боже да се разболиш.“

Чекорот на владата за воведувањето на рамни даноци, меѓудругото се правдаше со фактот дека тоа ќе стимулира отварање на нови работни места, но и ќе претставува стимул за работодавците за пријавување на работниците. Економските експерти посочуваат дека проблемот е во недоречностите во законските акти за плаќање на придонесите за здравствено и пензиско осигурување за работниците:

„Имено во претпријатијата пријавувањето на работниците се врши според шифра на дејност. Тоа значи дека различните дејности примаат плата и согласно тоа плаќаат придонеси, според просекот на дејност.“

Објаснува професорот Зоран Ивановски од Европскиот Универзитет кој во оваа насока упатува на еден парадокс:

„Тоа значи дека ако сте доктор на наука имате три пати поголем коефциент од обичен работник. Испаѓа дека нашиот доктор на науки се разболува три пати повеќе отколку работникот.“

Реакции и кај домашните бизнисмени. Никола Ефтимов од Сојузот на стопански комори вели дека високите давачки се причина работодавците да го избегнуваат приајвувањето на работниците.

„Сеуште мислиме дека одредени давачки за придонесите се на повисоко ниво од потребното.“

изјавува Ефтимов. При последната средба Меѓународниот монетарен фонд упати предлог до владата за намалување на придонесите за пензиско и за здравствено осигурување за работниците со скратено работно време, но и на даноците за лицата со пониски плати. Министерството за финансии посочи дека ќе формира работна група за да го разгледа овој предлог.
XS
SM
MD
LG