Достапни линкови

Обид за покажување јавна активност пред електоратот, оценуваат експертите


Денеска на плоштадот во Тетово митинг во организација на Демократската Партија на Албанците. Целта е да се покаже подршката на незавинсота на Косово и македонското интегрирање во НАТО.

„Целта на митингот е уште еднаш да ја сензибилизираме севкупната меѓународна јавност за големата поддршка која ја даваат граѓаните на Република Македонија за евро интеграциите на Македонија и на независноста на Косово,“

вака Бесим Догани од ДПА ги обајсува причините за митингот
Но, Џеват Адеми од опозицината Демократска Униај за интреграција овој потег на владечакат партија го оценува како класична манипулација со гласачите зошто како што вели секогаш кога на ДПА нема да и оди добро тогаш ја отвора темата Косово

„Кога сите, ама апсолутно сите Албанци не само во Македонија плебисцитарно се определени за независност на Косово. Кога и државните институции во Македонија неколку пати се изјаснија дека ќе ја признаат независноста на Косово. Со право се прашуваме, кому ќе му се обратат господата од тетовскиот плоштад денеска?“

За Социјал демократскиот сојуз пак токму порака за подршка на независнота на прокторат е проблематична. Портпаролот Емилија Станковик вели дека државата треба да си остане на ставот дека не е дел од решавањето на статусот на Косово:

„Организирање на митинг од владечка партија, во овој тајминг не оди во прилог на напорите на меѓународната заедница за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение на Белград и Приштина, ниту пак оди во прилог на добро соседските односи.“

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Силвана Бонева позитивно го оценува митингот твргнувајки од порака за подршка на нашите интеграции

„ДПА јасно испраќа порака не само за сопствените гласачи, и до албанскиот електорат, туку и надвор од државата дека гласачите на ДПА се за тоа Македонија да стане дел од НАТО.“

Целта на ДПА според аналитичарот Дане Талески е да го подигне својот рејтинг бидејки како што вели за независнота на Косово и за влезот во НАТО постои општа сопгласнот мегу албанските гласчи

„Крајната поента е ДПА да се покаже како промотор на некои интереси кои Албанците ги поддржуваат и да покаже некоја јавна активност како партија, затоа што таа нема дадено некои значителни иницијативи,“

објаснува Талески.
XS
SM
MD
LG