Достапни линкови

Најмалку 130 лица загинаа, Буто неповредена


Најмалку 130 луѓе загинаа во Карачи во самоубиствен бомбашки напад врз конвојот на поранешниот премиер на Пакистан Беназир Буто, која е неповредена. Таа се врати во Пакистан по 8 години егзил и се готвеше за поделба на власта со Претседателот Мушараф.

Стотици лица исто така беа повредени во силната екплозија која се случи и поктрај огромното обезбедување околу бившата премиерка, кое и следеше по заканите за убиство од страна на исламските милитанти. Пакистанскиот претседател Первез Мушараф го осуди нападот нарекувајки го Заговор против демократијата. Нападот врз Беназир Буто е осуден и од Обединетите Нации, Соединетите Држави и Европската Унија, Австарлија и многу други земји. Еве како се случил настанот според очевидецот Али Раза.

„Најпрвин експлозијата одекна под возилото на Беназир Буто. Јас бев пред возилото. Некој викна дека гори и јас видов светлина. Почнав да трчам а тогаш се случи и втората експлозија.“

Беназир Буто инаку се врати во Пакистан како победник иако и натаму остануваат обвиненијата дека за наводна корупција што беше причина за нејзиниот егзил пред 8 години.

„Таа беше пречекана од многу подржувачи и 20 илјадна војска која ја штитеше поради заканите кои беа упатени и до Претседателот Первез Мушараф поради навестениот договор за нивна коалиција, вели Ахмад Рашид новинар и експерт за екстремизмот и исламскиот фундаментализам.“

„Тоа е договор зад кој стоеја Американците. А ова што го гледаме е резултат. Без разлика дали има безбедносни сили или нема, проблемот е што таа има многу непријатели меѓу екстремистите. “

Оваа жена која на два пати беше премиерка на Пакистан од 1988 до 1990 и од 1993 до 1996 и припаѓа на една од најпознатите политички династии во Пакистан. нејзиниот татко Зулфиќар Али Буто беше премиер кој во 70 тите години на 20 век беше остранет од власта со воен удар а во 1977 беше и погубен. И Беназир тогаш мина 5 години во затвор. Потоа во Лондон ја формираше Народната Партија со која по враќањето во Пакистан ја освои власта и во 1988 стана прва жена премиер во една исламска земја.
XS
SM
MD
LG