Достапни линкови

Побрзо и поефикасно судство преку медијација


Поефикасно судство, побрзо решавање на судските предмети, а со тоа заштеда на време но и финансии за странките, сето ова ќе се постигне ќе придонесе примената на медијација како алтернативен начин за решавање на судските спорови во Македонија. Претседателот на Освновниот суд скопје 2 Бекир Шаини каде за прв пат како пилот проект ќе започне примената на медијацијата појаснува дека медијаторот како трето лице, односно посредник мегу двете страни при решавање на одреден спор, ќе може да посредува во сите судски предмети освен:

„Нема да важи за кривичните спорови, колективните работни спорови и за управните,“

вели Шаини. Тој посочува дека судовите сега се исправени пред предизвикот за масовно информирање на граѓаните за можноста за користење на медијаторите, а не како што вели за најобична постапка да се користат судовите.

„Ќе се анимираат, да се подигне свеста на граѓаните дека и вака може да се решат овие спорови, особено потрошувачките. Сега може и вонсудски да се решаваат овие спорови.“

Медијацијата е дел од реформите во судството, клучни за членството на Македонија во Европската Унија. Во оваа насока Медијаторстовото подразбира подобрен пристап до правдата и намалување на заостанатите случаи во судовите. Примената на медијацијата како вонсудска постапка искуствено веќе придонело во ефикасноста на судството во земјите од регионот. Искуствата од земјите од регионот ги пренесува Гордана Алибашиќ претставник за Југоисточан евора на Мегународната финансикса корпорација која инаку го спорведува проектот

„Преку две илјади случаи се срешенени позитивно и успешно преку медијацијата. Што значи дека околу 75 отсто од случаите во кои се користела медијацијата биле решени со позитивен исход. А преку медијацијата се ослободени преку 42 маилиони евра. Сои што се покажа дека е многу поевтино да се прифати медијаторството.“

вели Алибашиќ.
XS
SM
MD
LG