Достапни линкови

Наместо на прес конференции, доказите да одат кај надлежните, апелира стручната јавност


Наместо да ги презентираат во јавноста на прес конференции политичките партии информациите за нелегално стекнат имот, корупција треба да ги доставуваат до надлежните институции, апелира стручна јавност до актерите на политичката сцена по префрлувањата и меѓусебните обвинувања кои се случуваат подолго време:

„Се работи за политичка битка, меѓутоа, за да биде политичка битка издржана и да носи реални поени во јавноста треба да биде поткрепена со податоци од надлежни институции,“

изјави адвокатот Александар Тортевски кој укажува дека ваквиот вид на информации треба да се доставуваат пред се до надлежните институции како Управата за јавни приходи, Државната антикорупциска комисија, Агенцијата за перење пари, Финансиска полиција

„Имаме ние институции, но сеуште нема систем за контрола и независно функционирање на тие институции,“

вели Тортевски

И од Антикорупциската комисија со апел информациите и доказите за корупција да ги доставуваат до надлежните.

„Во последно време се почесто истите изнесувања по пресовите и разни изјави од политичките субјекти стигнуваат и до комисијата,“

информира Иљми Сељами член на комисијата.

Од политичките партии, владеачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ чии претставници најчесто преку прес конференции мегусебно се обвинуваат се категорични дека освен во јавноста сите докази ги доставуваат и до надлежните

„СДСМ своите наводи секогаш, излегува со факти, кои ги доставува до надлежните институции. Примери за тоа се случајот со становите на мајката на премиерот Грувски, Надежда, документацијата ја доставивме до УЈП. Случајот со хотелската Окта, целокупната документација ја оставивме до јавното обвинителство,“

изјави Емилијан Станковиќ од Социјалдемократскиот сојуз. И Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ вели отсекогаш доказите ги доставуваме до институциите

„И во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, а и сега сите работи што ги презентираме на прес конференции, доказите секогаш ги доставуваме до надлежните институции.“
XS
SM
MD
LG