Достапни линкови

Поканата извесна, но датумот за членство не може да се предвиди


Со голема извесност може да се говори дека НАТО ќе упати покани до трите земји од Јадранската група, но не може да се предвиди точно кога би се случило членството, велат претставници од Македонија, Хрватска и Албанија. Во контекст на некои информации дека е можно поради последните случувања на политичката сцена во земјава, како инцидентот во Собранието, забелешките за судските реформи, да се случи да стане членка во подолг период за разлика од Хрватска, Александар Генчов од македонскиот Евроатлантски Совет смета дека периодот од добивање на покана до членство не може да биде различен:

„Не е возможно за една земја да трае повеќе, а за друга помалку бидејќи од моментот на добивањето на поканата самиот тек, поставеноста на работата во Алијансата го бара истиот прогрес кај сите земји кандидати.“

Изјави Генчов.
Професорот Влатко Цвртила советник за одбрана на претсеадтелот Стјепан Месич и член на хрватскиот евроатлантски совет верува дека поканите за трите земји ке стигнат на наредниот самит и додава

„Тешко е да се зборува што ке се случува после тоа со оглед на фактот што во 2009 се слави јубилејна годишнина од самиот сојуз, една година е релативно кратко време за ратификација на атлантскиот договор значи за секоја држава, секој парламент на сегашните членки на Алијансата треба да го ратификува или потврди пристапувањето кон договорот, Но јас верувам дека поканите ке стигнат за сите три држави, бидејки со нивното вклучување во сојузот многу ке се придонесе за стабилноста на целиот регион.“

За тоа дали може да се случи забавување на процесот за некоја земја од покана до членство Цвртила вели:

„Тоа може секогаш да се случи, значи некоја од државите да има забелешки и во својот парламент да не даде поддршка додека не се дадат докази за напредокот и слично, всушност во тој процес на пристапување и тоа се случува, тоа е еден осетлив процес и не треба да се очекува дека се ке помине лесно.“

Аријан Старова од албанскиот Евроатлантски совет вели дека нема причини некоја земја да не добие покана на наредиот самит на НАТО:

„Се разбира, земјите кои сакаат да станат членки или да добијат покани од самитот во Букурешт треба да ги исполнат критериумите, Македонија, Алнабија и Хрватска заеднички работат и разликите мегу нив не се толку големи. Во моментов нема показатели што укажуваат на тоа некоја земја да не добие покана.“
XS
SM
MD
LG