Достапни линкови

Објективен проблем со кои Македонија мора да се соочи, оценка на експертите


Албанската национална армија деновие преку интернет соопшти дека формирала воена формација надлежна за дејствување во Македонија. Конкретно на страницата на Фронтот за нацинално обединување на Албанците пишува дека дивизијата наречена Тахир Синани би дејствувала во Вардарската долина. По ваквите најави министерката за внатрешини работи Гордана Јанкуловска во интервјуто за Радио Слободна Европа кое ќе се емитува во недела на прашањето колку се сериозни нивните закани одговара

„Провокации има постојано. Имало и во минатото, не е исклучено дека ќе има и во иднина. Наша работа е да се одржува стабилноста, редот и мирот.“

Не се само провокации туку сериозен проблем оценува професорот од Воената академија Стојан Кузев. Според него Македонија се соочува со како што вели старо нови вооружени групи чија цел е да ја дестабилизираат државата.

„Актуелната власт во Република Македонија воопшто не треба да оди со релаксирачки изјави во смисла на смирување на јавното мислење. Проблемот е објективен и со таквите закани мора да се соочи Република Македонија“

Има неколку елементи додава Кузев кои посочуваат на тоа дека проблемот не треба да се потценува

„Укажувањето дека вооружени групи има, значи персонал има. Република Македонија е преплавена со поседување нелегално оружје и тоа е еден елемент којшто мора безбедносниот сектор во Република Македонија да го респектира и соодветно да се спротистави.“

Во врска пак со снимката на вооружените припадници на АНА која беше емитувана на косовската телевизија американскиот весник Њујорк Тајмс оцени дека нивната цел е тренирање на нервите на политичарите и мегународните преставници поврзано со новата рунда преговори за иднидната на Косово. Но профеорот Кузев не се согласува дека дејството на АНА е да ја подигне тензијата во оваа фаза на решавање на работите

„Јас повеќе би го поврзал со крајните планови, а тоа е Голема Албанија. Крајни потреси коишто пулсираат во определени периоди поексплицитно, а во определени периоди имаат затишје. Во секој случај, тоа е континуитет.“

И идеолозите на Албанската Нацинална Армија велат дека нивната цел е обединување на сите територии каде што живеат Албанци.
XS
SM
MD
LG