Достапни линкови

Извори од НАТО велат дека не станува збор за објава на покана, но претставува поттик за Македонија


Предлог резолуцијата на Комитетот за одбрана на Парламентарното Собрание на НАТО со која ќе се констатира дека Македонија, Албанија и Хрватска треба да добијат покана за прием на следниот самит на Алијансата, македонските власти ја примаат како потврда за направените напори на овој пат и како уште еден чекор кон остварување на целта. Ова е уште еден чекор кој ја надоградува македонската извесна кандидатура и заложба за членство во НАТО, изјавува владиниот портпарол Ивица Боцевски:

„Парламентарното Собрание на НАТО Алијансата претставува еден вид на отелотворување на вољата на избирачите на сите земји членки на НАТО. Во таа смисла станува збор за подршка која што е добре дојдена за Македонија и ние благодариме тоа што претставниците на народот на земјите членки на НАТО застанаа зад Република Македонија.“

Вели Боцевски.
Поранешниот член на Комитетот за одбрана на Парламентарното собрание на НАТО од Македонија, Слободан Чашуле смета дека одлуката на НАТО ќе биде пред се воена, а потоа политичка но, вели дека оваа резолуција е многу важна затоа што ова Комитетот на Парламентарното Собрание на НАТО има силна улога кај земјите членки на НАТО, затоа што во нивните парламенти крајната одлука би требало да се ратификува:

„Значењето на оваа резолуција има неверојатно силна улога кај земјите членки на НАТО бидејќи нивни парламентарци ја носат, а потоа и одлуката за прием на Македонија оди во тие парламенти на ратификација. Самиот факт што Политичкиот комитет кој што сочинуваат пратеници на парламентите на земјите членки на НАТО ја усвоил оваа Декларација, значи дека Македонија извесно е дека ќе биде примена во Алијансата, затоа што парламентите никогаш не би оделе наспроти стратешките интереси на нивните држави.“

Сепак Чашуле стравува од внатре-политичкото поведение кое вели не смееме да дозволиме да ги зафгрози напите интереси па да се доведеме до сосотјба да добиеме заострени услови за членство. Извори од Алијансата велат дека не може да се каже како оваа резолуција би влијаела на конечната одлука бидејќи како што велат, таквото решение е резултат на одлуката на секоја земја членка по одделно. Затоа велат оттаму резолуцијата не значи никаква објава за покана, но е убав поттик за Македонија и нејзините аспирации за членство во НАТО.
XS
SM
MD
LG