Достапни линкови

Али Ахмети, претседател на ДУИ. Одговорноста за последните настани ја има власта


По насилствата во и надвор од Собранието, продолжуваат вербалните конфликти, во кои партиите меѓусебно се обвинуваат кој го промовирал насилството. Кому може да му одговара оваа атмосфера и тоа шлаканиците да се слушнат во Брисел, непосредно пред извештајот на Европската Комисија?

Пред се тоа што се случи во Собранието на Македонија и вербалните дуели, како што велите вие, сигурно им одат во прилог на оние кои не го сакаат доброто на Македонија. Оваа ситуација ја провоцираше владата и тоа не стави во една голема дилема, зошто се потикнуваат вакви конфликти во една ситуација кога пред нас се значителни, големи задачи, што се од интерес за сите грагани на Македонија, како што се поканата за НАТО, или почетокот на преговорите за влез во Европската Унија. За сета оваа ситуација што се случува во Македонија опозицијата е најмалку, односно воопшто не е виновна, затоа што најголемата одговорност за односите внатре во државата ја има владата.

Како го објаснувате она што се случуваше надвор од Собранието и луѓето кои имаа калашњикови. Кои беа ови луѓе?

Онака како што можев да следам, внатре од Собранието, тоа беше навистина тешка ситуација. Собранието на Македонија беше опкружено од специјални единици Алфи, кои беа без униформи, со калашникови и со други оружја, така што она што велат дека наводно симпатизери или члениови на ДУИ биле дојдени вооружени, тоа воопшто не држи. Ова се прави намерно со цел да се избегне одговорноста во врска со прашањата за тоа кој ги мобилизирал Алфите кои беа дојдени тука и која била нивната цел. И со самиот факт што заменик министерот за внатрешни работи Рефет Елмази беше внатре во Собранието и физички вршеше тортура врз пратеници на Собранието,тогаш не знам што јас би можел да коментирам околу тоа кои биле тие надвор од Собранието коишто биле вооружени.

Какви ви се односите со ДПА, особено во контекст на меѓусебните обвинувања за предизвикување конфликт во Македонија?

Ние постојано истакнуваме дека со ДПА сакаме да градиме добри односи во насока на поддршка на иницијативите што ние ги преземавме, за спроведување на барањата кои сеуште не се релизирани и кои се дел од Рамковниот договор, како што се употребата на јазикот, статусот на поранешните војници на ОНА, составот на комитетот за односи мегу заедниците итн. Но изгледа дека подготвеност за ова кај другата страна немаше. Секако дека овие прашања поттикнале внатрешен револт кај ДПА, бидејки, иако се дел од владата, тие не успеале да ги заштитат интересите на албанската заедница. Воедно ние сме многу загрижени за тоа што, намерно или ненамерно, господинот Никола Груевски јавно изјавуваше пред многу важни мегународни институции, како што е Европската Унија, дека тој нема проблеми со Албанците, туку дека проблемот е мегу самите Албанци. Како и тогаш, јас и сега со најголема одговорност ги отфрлувам овие изјави на г- нот Никола Груевски. Нека не се обидува да го наметнува конфликтот мегу Албанците, бидејки ако е премиер, тогаш неговиот авторитет треба да важи за сите грагани на Македонија, кои не треба да ги дели според нивната етничка припадност. Ние немаме проблеми со членството на ДПА во врска со тоа што го направило нивното раководство, вклучувајки го и г- нот Мендух Тачи како претседател на ДПА со неговите недолични однесувања и нападот што го изврши врз пратеникот Азис Положани заедно со заменик министерот за внатрешни работи Рефет Елмази . Ние не ги поистоветуваме обичните членови на оваа партија со некои неодговорни луге, но за жал тие се на чело на оваа партија.

Како Македонија може да го поправи впечатокот и да го комплетира Републичкиот Судски Совет, да донесе закон за јавното обвинителство, да воспостави дијалот меѓу институциите на власта и опозицијата и да почне да го реализира мајскиот договор?

Мислам дека ова е навистина важно пршање. За жал, најмногу за нашата држава се загрижени во Брисел, Вашингтон и НАТО, отколку институциите што се одговорни и имаат задача да ги спроведуваат овие многу важни прашања. Како прво мислам дека без искрен политички или етнички дијалог за овие големи прашања, кои вие ги споменувате, ние не можеме да имаме добри позиции во Мегународните институции. Извесно е јасно дека тука недостасува волја. Исто така создадено е мислење дека партнерите кои ја сочинуваат оваа влада се многу силни, така што не ги почитуваат и не ги земаат предвид сугестиите од Брисел, како и сугестиите што доагаат од Вашингтон. Ако ние продолжиме со овој начин на размислување, сигурен сум дека ситуацијата ке биде уште потешка за Македонија да го добие заслуженото место во НАТО И ЕУ, ако нема волја и подготвеност како во случајот со конституирањето на Републичкиот Судски Совет. Затоа што еве и без согласност од опозицијата, владата достави во Комисијата нивни кандидати за членови на Судскиот Совет, и тоа во моментот кога ние имавме договор за да го подржиме предлогот на претседателот на државата. Не се почитува овој договор и се преминува кон друга позиција, со што, според моето мислење ваквото однесување создава провокативни ситуациии. Значи кога сите ние успеавме да поддржиме еден став, партиите на власт повторно го газат тој договор што е постигнат.

Кога очекувате да се реализира мајскиот договор? Има ли рокови?

Се зголемуваат опструкциите во насока на непочитување на договорот постигнат на 29 мај, така што јас мислам дека секое заобиколување на тој договор создава ситуации кои не се добри за Македонија, и затоа ние сме принудени да ја алармираме како домашната ,така и мегународната јавност, бидејки тој договор потекнува од Охридскиот рамковен договор и ние очекуваме што побрзо да почне да се спороведува. Ние сме доведени до црвената линија и на следните состаноци, било да е тоа со парламентарното мнозинство или со претставници на мегународната заедница, ке побараме рокови да се стави крај на оваа ситуација во врска со договорот.

Спроти решавањето на статусот на Косово, сметате ли дека земјава е стабилна одвнатре и дали се можни импликации врз безбедноста во земјава?

Не мислам дека ситуацијата во Македонија ке влијае врз Косово и обратно, дека било што и да се случи околу статусот на Косово би можело да се рефлектира врз Македонија. Ние сме свесни дека во Македонија има длабока политичка криза, но не мислам дека ситуацијата на Косово ќе има влијание врз ситуацијата кај нас.

Дали се реални наводите за постоење кампови за тренирање екстремисти во северна Македонија?

Ова е повеке психолошка кампања што се прави било да е од властите во Белгад, било да е од некои луге кои даваат такви изјави што се употребуваат за политички цели. Во Македонија нема кампови каде што би се трениарле луге кои би нападнале некоја соседна држава, но уште еднаш потенцирам дека овие изјави се употребуваат за политички цели.

Каков е ставот на ДУИ за најавите за организирање на референдум во Танушевци за припојување кон Косово?

Овие не се многу сериозни изјави, за да се занимавме со нив. Ова го изјави Џезаир Шакири и мислам дека тоа се повеке емоционални изјави кои се поврзуваат со некои активности на полицијата која малтретирала стари мажи, жени и деца, но мислам дека ова не треба многу сериозно да се земе предвид. Ако секое село почне да одржува референдуми во Макаедонија, или во регионот и во Европа, тогаш мислам дека никогаш нема да има стабилност на државните граници.
XS
SM
MD
LG