Достапни линкови

Помладите лица ги користат картичките поквалитетно во нивна полза, велат банкарите


Македонските граѓани се навикнуваат на платежните картички, но нивното користење сеуште им создава проблеми. Тие започнуваат од навиките и чувството на небезбедност но завршуваат со нискиот стандард прекриен со илузијата на одложените плаќања и дозволените минуси.

„Мислам дека е попрактично, нема потреба да носиш кеш“
„Во помали мини маркети има некоја провизија, а не кажуваат.“
„Ако се помине дозволениот лимит, големи се каматите.“
„Убаво ми е кога имам пари, а не сум сигурна дека сите продавници имаат апарат да можам да купам.“
„Кога е така на рати, знаеш, се лакомиш и купуваш.“


Вака одговараат македонските граѓани чија платежна моќ е мала а платата која во просек достигнува околу 200 евра за многумина од нив уште долги месеци нанапред ќе се осипува вос тартот на однапред купената стока на рати. Сепак за многумина платежната картичка станува секојдневие а на вратите од дуќаните се зголемува површината облепена со логото на картичките со кои се врши промет.

„Најчесто плаќаат со картички. Зависи и од месецот, кога имаат кеш, плаќаат, но кога се кнап ги вадат картичките.“

Банките се задоволни, велат процентот на корисници за безготовински плаќања се зголемува но сеуште далеку повисок е бројот на оние кои ги вадат парите на банкомат.

„Дебинтите картички се тие што многу повеќе се користат на банкоматите и банкарските шалтери. Но, навиките на луѓето се менуваат и тука може да се направи една анализа за целните граѓани. Банката врз основа на направените анализи има дојдено до сознанија дека помладите луѓе ги користат картичките поквалитетно во нивна полза, однодно ги користат сите добивки што ги дава банката, од аспект на бескаматни периоди,“

вели Кире Чадиковски од Комерцијална банка.

Вадењето на парите на банкомат влече највисоки камати наспроти безготовинското плаќање, па на клиентите во Македонија им потребна поголема информираност покажува праксата. Чадиковски најавува дека следниот период банките ќе го посветат на ова поле. Од министерството за финансии велат дека главните ефекти од воведувањето на платежните катрички се постигнаит-значително поголем обем на трансакции во вредност поголема од 140 насто од јануари до август, поголема контрола на текот на парите и најверојатно ефект врз прибирањето на даниоците.
XS
SM
MD
LG