Достапни линкови

Директно или индиректно, преку даноци, трошокот паѓа врз џебот на граѓаните


Новите лични карти и возачки дозволи почнаа да се издаваат од први октомври годинава. Граѓаните од својот домашем буџет треба да одвојат 190 денари за нова лична карта,а за возачка дозвола 280 денари. Според граѓаните предвидените трошоци треба да ги сноси државата,бидејки како што велат тие ова е по нивна иницијатива.

„Тие трошоци треба да одат на државата“
„Штом државата менува, тогаш треба да ги сноси трошоците.“
„И личните карти се скапи за примањата кај нас“
„Јас мислам дека не треба да се плаќа, зашто не сум вработен.“


Но некои од граѓаните се со спротивно мислење.

„А, кој ќе го сноси тоа? Тоа чини пари?“

Претседателката на организацијата на потрошувачи на Македонија Марија Лончар Велкова вели дека доколку државата одлучи да ги преземе овие трошоци на своја сметка, тогаш би можело да дојде до зголемување на некои даноци.

„Би требало да се размисли дали навистина граѓаните треба да ја сносат како трошок таа услуга, односно дали треба државата да ја сноси. Примерите во одредени држави покажуваат дека на некои места и државата ги сноси овие трошоци. Но, сепак трошокот паѓа на граѓаните.“

На прашањето, дали граганите ке треба повторно од свој џеб да одвојат пари доколку во скоро време се донесе одлука и за нов државен грб што би предизвикало нова промена на личните документи, Лончар одговара...

„Во случај да дојде до таква ситуација повторно ќе треба да се менуваат, сигурно ќе ни дадат рок од три години и во тој временски период ќе смените. Но, сепак такви услуги паѓаат на товар на граѓаните“

Средствата кои ке бидат собрани од менувањето на старата лична документација со нова влегуваат во буџетот,а потоа како и другите пари кои се влеваат во трезорот се распределуваат согласно политиките на Владата вели Мартин Мартиновски портпарол на Министерството за финансии.

„Без оглед кој е основот на приходот во буџетот се слеваат средства, и средствата кои во моментов се слеваат во буџетот не се бележани да мора да бидат употребени стриктно за одредена намена.“

Менувањето на старите патни исправи со нови е еден од условите за олеснување на визниот режим. Досегашните лични карти граѓаните согласно законските прописи ќе треба да ги заменат во период од три години, а возачките дозволи во период од пет години сметано од 1ви Октомври годинава.
XS
SM
MD
LG