Достапни линкови

Владеењето на правото не е само во донесување закони, став на експертите


Претседателот на државата Бранко Црвенкосвки денеска во Брисел пред челниците на Европската Унија и на НАТО реферира за реформите и случувањата во земјава. Неделата пред неговото заминување пак ја одбележаа физичките пресметки во собранието и она што се случуваше надвор од него по што остри реакции стигна од сите прествници на мегународната заедница. Тепачките сами по себе нема да бидат критикувани затоа што тоа се случува во многу европски земји, туку владеењето на правото и законите во однос на нивното расчистување смета аналитичарот Јован Донев

„Она што ние во овој момент сме закочени е судскиот совет, законот за јавно обвинителство, изборот на јавни обвинители и владеењето на правото. Не е само да се донесат закони.“

Истакнувајки ги истите проблеми за кои очекува Донев директно првите луге на официјален Брисел да му ги пренесат на претседателот аналитичарот Мерсел Биљаљи смета дека сепак Црвенковски ќе слушне и пофалби

„Претседателот како институција може да се пофали со добри индикатори на економско заздравување.“

Некомплетираниот судски совет кој што го посочија аналитичарите како проблем е често посочуван и од мегународната заедница. За неговото дополнување беше постигната начелна согласност од речиси сите партии за предлогот на претседателот новите членови да се изберат по пат на негативна елиминација.

Силвана Бонева член на комисијата од ВМРО ДПМНЕ смета дека со вчерашниот избор на тројца нови членови од страна на собраниската комисија за избори и именувања не е прекршен начелниот договор на партиите

„За да се каже дека не се поочитува договорот треба да бидат согласни сите страни. До моментот на свикување на комисијата немаше уште одговор од ДУИ.“

Имаме донесено одлука да го прифатиме предлогот уште пред речиси десетина дена, но поради физичките пресметки во парламентот не можевме да ја соопштиме

„Бидејќи Теута Арифи имаше прес конференција за на новинарите да им ја соопшти одлуката, но во тоа време се случија настаните во Собранието,“

вели Рафиз Алити од ДУИ

Во однос на тоа зошто комисијата е свикана токму ден пред заминувањето на претседателот во Брисел Бонева одговара

„Тоа беше единствен начин да се испрати порака пред средбата на господинот Црвенковски дека во Репулбика Македонија почнуваат да се движат работите во однос на судскиот совет.“

Оливер Спасовски член на комисијата од опозициниот социјал демократски сојуз не очекува позитивни ефекти од вчерашаната одлука

„Изборот на судски совет на ваков начин нема да придонесе за ниту еден поен плус, затоа што целата меѓународна заедница го поздрави политичкиот дијалог“
XS
SM
MD
LG